Транскриптот го „издаде“ Ѓоковиќ: Не сум вакциниран, двапати имав корона

Новак Ѓоковиќ доби право на виза и мора да биде ослободен од хотелот за имигранти.

Ѓоковиќ во средата пристигна во Австралија, тврдејќи дека има лекарско ослободување за вакцинација, што инаку е неопходно за Австралија опен. Откако беше задржан на аеродромот, тој беше однесен во хотел за имигранти каде што се наоѓа откако во четвртокот му беше одземена визата.

Судијата Ентони Кели изјави дека Ѓоковиќ дека го добил потребното медицинско ослободување од вакцинацијата против COVID-19 пред да отпатува во Мелбурн на тенискиот турнир Австралија Опен и приложил докази за тоа кога слетал во средата вечерта.

Кели наводно дозволил Ѓоковиќ да биде однесен на локација непозната за јавноста за време на судењето. Тоа било предложено од неговите адвокати, кои тврдат дека Ѓоковиќ се заразил со коронавирусот на 16 декември и дека немал никакви симптоми на инфекција кога пристигнал во Австралија.

Не е вакциниран

Адвокатите тврдат ги исполнил условите за влез во земјата според упатствата на ATAGI (Австралиска техничка советодавна група за имунизација). Тврдат и дека му била ускратена процедурална правичност при донесувањето на одлуката за укинување на визата.

Дел од транскриптот од обраќањето на Ѓоковиќ до австралиските власти открива дека тој рекол дека не бил вакциниран против коронавирус. Засега не се знае точно неговиот вакцинален статус.

„Јас сум професионален тенисер и главната причина за моето доаѓање во Австралија е да настапам на Австралија опен во Мелбурн. Не сум вакциниран, но двапати се заразив со коронавирусот. Првиот пат во јуни 2020 година и вториот пат неодамна. Бев позитивен на 16 декември минатата година“, рекол Ѓоковиќ според транскриптот од разговорот објавен од светските медиуми.

URL

Приказната сè уште не е завршена

Австралиските власти велат дека не е точно да се тврди дека претходна инфекција е услов за исклучок да влезе во земјата, туку причина да се одложи вакцинацијата за шест месеци. Адвокатите на австралиската влада побараа од судијата да го одбие приговорот на Ѓоковиќ и да ги плати трошоците.

Судијата пресуди дека Ѓоковиќ има право на виза и дека мора да биде ослободен од хотелот за имигранти во следните 30 минути. Без разлика, не е готово. Министерката за внатрешни работи Карен Ендрјус е подготвена со нејзината одлука да му ја укине визата на Ѓоковиќ.

Австралиските власти инсистираат дека ништо не ги спречува повторно да го приведат Ѓоковиќ.

URL
реклама

Тенис

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Read more

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Read more

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе