ЛА ЛИГА 2023/2024

Тренерот на Жирона не лета во облаци: Целта ни е излез во Европа, не титулата

Она што фудбалерите на Жирона го прават оваа сезона во шпанската Ла Лига неодоливо потсетува на успехот на Лестер Сити од 2015/2016 кога ја освои титулата во Премиер лигата на Англија.

По синоќешниот триумф над мадридски Атлетико, каталонскиот клуб има дури 15 победи со 3 нерешени и само 1 пораз, што го прави најуспешен тим во лигата заедно со Реал Мадрид, со идентичен скор.

Светските медиуми полека зборуваат како Жирона би можела да ја освои шампионската титула, но тренерот Мигел Санчес, кој би можел да го преземе Њукасл, не дозволува неговите играчи да паднат во еуфорија.

„Освојувањето на шампионската титула не е нешто што е наша реална цел. Сакаме да се пласираме во Европа и да постигнеме историски успех. Моите играчи покажуваат ментална сила од натпревар во натпревар, се борат со големи клубови, но ако сакаме да бидеме искрени до крај, тешко е дека ќе можеме да се натпреваруваме со клуб како Реал Мадрид. Затоа велам дека освојувањето на титулата не е нешто за што размислуваме во моментов“, изјави Санчес.

Токму Реал Мадрид е единствениот тим што сезонава успеа да ја победи Жирона кога на 30 октомври со високи 3:0 славеше и тоа на гостински терен.

Последниот тим на табелата во шпанската Ла Лига кој во овој момент не би изборил пласман во Европа е Бетис, кој е на седмата позиција. Клубот од Севиља има дури 20 бодови помалку од Жирона. Интересно, токму Бетис е последниот кој им откина бодови и на Реал Мадрид и на Жирона, со двата играјќи 1:1 дома.

„Рано е за калкулации. Доколку сакаме да зборуваме за можен пласман во Лигата на шампионите, тогаш треба да ги почекаме последните десет натпревари во првенството и да видиме каков ќе биде распоредот на табелата. Мило ми е што во тимот имам играчи на чии лица можам да видам дека се подготвени да ги испишуваат најубавите страници од историјата на клубот и заедно ќе се обидеме да успееме“, изјави Санчес.

Жирона е клуб формиран во 1930 година и во својата долга историја не може да се пофали се некои успеси. Еднаш ја освои Сегунда Бе (трета лига) во 2007/2008, 5 пати ја има освоени Терсера (четврта лига - последен пат 2005/2006), како и еднаш локалниот Каталонски суперкуп во 2019. Во последните 10 години најчесто беше второлигаш, но и го направи најголемиот успех кога во сезоната 2017/2018 за прв пат заигра во Ла Лига. По само две сезони испадна, но лани се врати и сега ја игра само четвртата сезона во најсилната шпанска лига.

реклама

Фудбал

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Read more

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе