Три причини поради кои постојано се вљубувате во погрешна личност

Изборот на партнер е најважен чекор во животот, а многумина при тој избор може да направат грешка. Психолозите велат дека една од клучните причини поради која секогаш завршуваме со погрешна личност е затоа што не се цениме доволно себеси.

Колку и да ви се чини дека новиот партнер е поинаков, подобар од претходниот, за кратко време испаѓа дека не сте напреднале од вообичаениот шаблон. Вашата нова љубов всушност ве потсетува на онаа претходната, има исти недостатоци за кои сте свесни дека не може да ги поднесете.

Тоа што најмногу влијае да не го „прочитаме“ добро новиот партнер е недостапноста на информации од неговото, односно нејзиното минато како што се на пример детството, првата љубов, првото раскинување и слично. Сето тоа во голема мерка влијае во какви емотивни личности подоцна се развиваме.

Постојат неколку причини поради кои некои луѓе едноставно се вљубуваат во „погрешната“ личност за нив.

1. Не се цениме себеси

Ако повторно и повторно ви се случува некој да ве остави, да ве лаже и мами, да ви ветува празни зборови, лесно да го прекршува ветуваното, а вие не ставате точка на сето тоа причината е очигледна.

Едноставно, не се цените себеси доволно за да верувате дека заслужувате многу подобро. Наместо да го обвинувате другиот, прашајте се што може да направите за да го избегнете сето тоа.

2. Не сакате да анализирате

Една од причините поради којашто ќе ве изненади нечие лошо однесување е фактот дека всушност не сакате да размислите за сигналите и знаците коишто ви се пред очи. Кога првпат ќе забележите дека некој ве лаже, а не испитувате зошто така постапил му давате зелено светло да продолжи така и во иднина.

3. Не сакате никого да разочарате

За да водите сметка за себе, понекогаш е неопходно да ги разочарате другите. Кога не ви се допаѓа некоја постапка на партнерот, а не сакате да го повредите и да му укажете на грешката дозволувате незадоволството да се таложи и да штети по вашето здравје.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Љубов и секс

Што значи да сте заглавени во врска?

Read more

Не се измачувајте повеќе: Дали е време да раскинете?

Read more

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Read more

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Read more
 

Магазин

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе

Што можете да направите против опаѓање на косата по породување?

Читај повеќе

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Читај повеќе