Триглав Осигурување воведува нов пакет на пазарот, Мој миленик

Триглав Осигурување воведува нов пакет на пазарот, Мој миленик, наменет за осигурување на кучиња. Пакетот обезбедува лекување на милениците и осигурување од ризиците смрт од болест и од несреќен случај. Триглав, во рамките на пакетот, бесплатно го вклучува и MyKi уредот за следење, како дополнителна алатка за што подобра безбедност на милениците.

Пакетот Мој миленик е наменет за сопствениците, чии кучиња се чипирани  и вклучува лекување на миленикот, со покритие до 6 000 денари, како и осигурување во случај на смрт од болест и од незгода, со покритие до 30 000 денари. Пакетот дополнително го вклучува и MyKi уредот за следење на милениците, со чија помош, клиентите, преку своите мобилни уреди, во секое време имаат увид каде се наоѓаат нивните миленици.  Апликацијата и уредот нудат можност за одредување на безбедна зона на движење на кучето и сигнализирање во случај кога кучето ќе ја напушти таа зона. MyKi уредот овозможува и праќање команди, што секако го олеснува процесот на дресирање на миленикот. MyKi Pet услугата ја обезбедува А1.

„Наш приоритет е да бидеме вистински партнер на нашите клиенти и да ги заштитиме најважните аспекти од нивниот живот. Триглав нуди голем избор на осигурителни производи, коишто се развиваат и дополнуваат согласно потребите на клиентите.  Домашните миленици се дел од семејството, го збогатуваат нашиот живот и секако сакаме да ги заштитиме. Промотивниот пакет Мој миленик е една токму таква алатка, којашто го штити миленикот, и, покрај осигурувањето, обезбедува и уред за следење на милениците, како дополнителен бенефит за клиентите сопственици на миленици. Услугата MyKi Pet ја обезбедуваме благодарение на соработката со нашиот партнер А1, со кој што најдовме заедничка цел во фокусот на клиентите, којшто подразбира задоволување на нивните потреби и поквалитетен живот”, изјави во оваа прилика Главниот извршен директор г-дин Ѓорѓе Војновиќ.

Повеќе инфо на: https://www.triglav.mk/mk/moj-milenik.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Промо

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Read more

Македонски Телеком e најпосакуван работодавач меѓу телекомуникациските компании во Македонија

Read more

Златен Даб – еволуција на изглед и вкус

Read more

Пролетно уредување на домот: Топ трендови и совети за оваа сезона

Read more
 

Ново

  • play_arrow

Муцунски: Бојкотот не успеа, ДУИ оди во опозиција

Читај повеќе
  • play_arrow

ДИК: Ќе се избере претседател, излезноста надмина 40%

Читај повеќе
  • play_arrow

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Читај повеќе

75-годишен маж прегазен на паркинг во Скопје, сторителот побегнал

Читај повеќе

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност

Читај повеќе

ДИК: До 13 часот за претседател гласале 302.158, на парламентарни 312.070 граѓани

Читај повеќе
  • play_arrow

МВР: Изборниот ден тече мирно, со регистрирани помали инциденти

Читај повеќе