Трик за јаболката подолго да останат свежи

Јаболката се многу популарно овошје и често се користат за разни јадења и колачи, а иако остануваат свежи подолго од многу другите овошја, сепак треба да се чуваат и на посебен начин.

Повеќето луѓе чуваат јаболка во сад со друго овошје, но излегува дека тоа не е баш најдоброто место за нив, особено ако не планирате да ги изедете сите во рок од неколку дена. За да ги одржувате јаболките свежи, најдобро е да ги чувате во влажна и ладна средина.

Фиоката во фрижидерот е идеална, а јаболката таму ќе траат околу две до три недели. Доколку немате место во фиоката, можете слободно да ги завиткате и да ги чувате во подрум или гаража. Овошјето созрева 6 до 10 пати побрзо ако е на собна температура, а идеалната температура за чување на јаболката е помеѓу 0 и 3 степени Целзиусови.

Експертите тврдат дека јаболката се едни од најчестите производители на етилен, кој со текот на времето ги омекнува и им ја дава таа мека и кашеста текстура, а тоа може да им наштети на другите овошја кои стојат до нив. Поради оваа причина, чувањето јаболка на ладно место наместо на кујнскиот пулт може да ги забави емисиите на етилен.

Што се однесува до кафената боја на јаболкото кога се сече, нема начин целосно да се запре, бидејќи е предизвикана од кислородот во воздухот. Но, постојат неколку домашни трикови за да го забавите тој процес - на пример, додавајќи малку лимон, оцет или дури и вода.

За најдобра техника на зачувување, експертите препорачуваат замрзнување. Обложете тавче за печење со хартија за печење, а потоа ставете ги парчињата јаболка така што нема да се допираат. Замрзнувачот мора да биде поставен на најниска температура бидејќи овошјето побрзо ќе замрзне и ќе задржи повеќе од својата хранлива вредност. Замрзнете ги неколку часа, или додека целосно не се замрзнат, потоа извадете ги од хартијата и ставете ги во контејнер или кеса за замрзнување па вратете ги во замрзнувачот.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Живот

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Read more

Што после средно?

Read more

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Read more
 

Магазин

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе

Што можете да направите против опаѓање на косата по породување?

Читај повеќе

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Читај повеќе