УЈП и ДИТ заедно во контрола кај фирми кои злоупотребиле финансиска поддршка, контроли и кај текстилците за неисплата на плата

Во координирана контрола на Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд спроведена во декември и јануари во правни субјекти кои користеле државна помош за исплата на плати, како и кај работодавачи од текстилниот сектор по основ на исплата на плати, констатирани се неправилности кај 26 компании во врска со земената финансиска поддршка, а 41 работодавач направиле неправилности во однос на исплата на плата и на минимална плата.

Податоците од спроведените конроли на прес-конференција денеска ги соопштија директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска и директорката на Државниот инспекторат за труд Јована Тренчевска.

Како што соопштија, заедничките контроли се спроведени во текот на декември 2020 и јануари 2021 година, кај фирми кои користеле државна помош за исплата на плата во месеците април, мај и јуни и во октомври, ноември и декември, по спроведена анализа од УПЈ за фирми кои користеле финансиска поддршка од државата, а не исплатиле плата на вработените во април, мај, јуни, октомври и ноември 2020 година и критериуми за контролите биле износот на добиена поддршка, бројот на вработени, неисплатена плата повеќе од еден месец, како и и врз основа на добиени пријави од граѓани.

– По овој основ во декември 2020 и јануари 2021 година по овој основ се извршени контроли кај 60 даночни обврзници од областите подговорка на оброци и служење храна, изградба на згради копнен транспорт, цевоводен транспорт, трговија намало, туристички агенции, градежништво и слично, рече директорката Лукаревска, која додаде дека при тоа  кај 16 фирми се констатирани неисполнување на условот за добивање финансиска поддршка во однос на намалување на приходите, кај седум субјекти е констатирано намалување на бројот на вработени повеќе од законски утврденото во месеците откако е доделена помошта, двајца работодавачи не го исполнувале условот и за намалување на приходите и намалуање на бројот на вработени, а еден работодавач кај кој е констаирано намалувањење на бројот на вработени веќе имал извршено враќање на помошта.

Согласно пропишаното во Уредбата за помош за исплата на плата во април, мај и јуни и законското решение за помош за исплата на плата за месеците октомври, ноември и декември, како што појасни Лукаревска, доколку работодавачот не ги исполнува условите треба да ја врати добиената финансиска поддршка во целост, заедно со камата согласно Законот за даночна постапка.

Таа додаде дека за работодавачот пак кој дал изјава за исполнување на условите за користење на поддршката, а не ги исполнил, се постапува согласно Кривичниот законик.

– Управата за јавни приходи соработува со Јавното обвинителство со цел нивно понатамошно постапување, односно покренување кривична постапка, истакна Лукаревска.

Според директорката, од страна на УЈП механизмот на присилна наплата, како и контролниот механизам се во насока на враќање на средствата од злоупотребата на државната помош и изрекување казна за сторителите, односно упавителите за сторени злоупотреби.

Покрај овие, како што информира таа на прес-конференцијата, се спроведуваат и контроли во 11 фирми од текстилна и кожарска дејност и обрзници кои се заминаваат со продажба на кондиторски производи по основ на Данок на добивка, ДДВ, данок на личен доход, а поради утврдени одредени отстапувања од даночните пријави и завршните сметки. Лукаревска појасни дека контролите на даноците се спроведуваат за изминатите пет години и надополни дека кај два даночни обврзника се соочуваат со несоработка и од страна на одговорните лица и дека истите контроли ги насочуваат кон финансиската полиција.

Кај овие субјекти се спроведуваат контроли заедно и со Државниот инспекторат за труд за неисплатени плати на работниците.

Како што соопшти Тренчевска, извршени се вкупно 74 надзори кај исто толку правни субјекти, а предмет на контрола било да се утврди дали работодавачите им исплатиле плата и придонеси од плата на работниците согласно Законот за работни односи и дали исплатената плата е во износ на утврдената минимална плата утврдена со Закон и утврдената основна плата во договорот за вработување согласно Законот за работни односи и Закон за минимална плата,

При тоа се утврдени неправилности кај 41 работодавач.

– Согласно законските надлежности на ДИТ донесени се 41 решение со опомена работодавачите да ги отстранат неправилностите. Утврдените неправилности при инспекциските надзори се однесуваат на неисплатена плата и придонеси од плата на работниците во рокот утврден во Законот за работни односи, најдоцна по истекот на 15 дена, како и доплата на плата до минимална плата кај оние работодавачи кои исплатиле износ понизок од утвдената миниманлна плата, рече Тренчевска.

Таа додаде дека по донесените решенија извршени се и контролни инспекциски надзори со цел дали работодавачите постапиле по решенија и дали ги отстраниле неправилностите, при што е констатирано дека 10 работодавачи постапиле по донесените решенија, шест не постапиле за што е изречена инспекциска мерка решение со наредба и даден е рок од осум дена за постапување, кај еден работодавач кој не постапил по ова решение изрешен е прекршочен платен налог во износ од 200 евра во денарска противвредност за претпријатието, кое е микро претпријатие до 10 вработени и за одговорносто лице од 150 евра во денарска поротиввредност. Неправилноста се однесувала на неисплатана плата на еден вработен.

Според Тренчевска, завршени се 17 контролни надзори, а останатите се во тек.

Таа порача дека спроведените контроли имаат превентивен ефект, што може да се констатира и од намалениот број неправилности при инспекциските надзори генерално.

Според неа, превенцијата и зачестените инспекциски надзори придонесоа за почитувањена законските одредби, но како што вели за жал мора да констатираме дека се уште има работодавачи кои не ги почитуваат законите и со тоа ги прекршуваат работничките права.

Тренчевска најави дека ќе се продолжи со инспекциски контроли и ќе бидат санкционирани оние кои не ги почитуваат законските одредби, а ќе се продолжи и со кооридинирани акции со УЈП со цел платите да се исплатат редовно.

Лукаревска одговорајќи на новинарско прашање рече дека контролите во текстилните фабрики се вршат пет години наназад и не се прави провидна контрола, за да може да се детектираат работодавачи кои прават злоупотреба при исплата на платата.

Remote video URL
реклама

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Хроника

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Read more

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Read more

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Read more

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Read more
 

Вести

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Читај повеќе

Меџити: Ахмети побара спас кај Ромите, Турците, Бошњаците, сега чиста албанска опција за новата влада е само ВРЕДИ

Читај повеќе

Нови цени на бензинот и на дизелот од полноќ

Читај повеќе

Путин ги откажа парадите на 9 мај: Стравот од украински напад е посилен од традицијата

Читај повеќе

Остар пад на доларот

Читај повеќе

Велигденски концерт на НУ Охридско лето со женскиот хор Менада

Читај повеќе

Граната од Првата светка војна најдена најдена во близина на кампот за мигранти во Гевгелија

Читај повеќе
  • filter

Русите жестоко напредуваат, Украинците бесни: Ова е вистинската ситуација на бојното поле, нѐ лажат

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна експлозија во воена база во Камбоџа, загинаа 20 војници

Читај повеќе