УЕФА ЛИГА ЕВРОПА 2020/21

Упорната Шкендија му даде гол на Тотенхем, но сепак се збогува од Лига Европа

Филип Здравески
/ 24.09.2020 / 21:48

Очекувано Тотенхем славеше во Скопје, но Шкендија остави добар впечаток зачинет со гол во мрежата на премиерлигашот.

Фото: Филип Здравески / Кајгана

Тренерот на тетовци, Ернест Ѓока, од старт се реши за бункер тактика која се скрши уште во 5. минута кога домашната одбрана заборави на Аргентинецот Ерик Ламела кој беше проигран од Сон Хјон-мин и непречен од никого лесно го совлада Костадин Захов.

Потоа Тотенхем го намали притисокот, а играчите на Шкендија малку се опуштија од почетната трема и почнаа похрабро да играат. Сепак, Англичаните не дозволија ниту една закана по нивниот гол во првиот дел, додека успеаја во неколку наврати да дојдат блиску до втор гол, но недостасуваше завршница.

Несериозноста на гостите од Лондон ја казни Шкендија која на неверување на Жозе Мурињо успеа во 55. минута да израмни со одличниот удар од далечина на Валмир Нафиу кој го остави Џо Харт немоќен.

Тотенхем сепак успеа повторно да поведе кога во 70. минута Сон начека одбиена топка по една одбрана на Захов и без проблеми ја смести во домашната мрежа.

Потоа во 79. минута нововлезениот Хари Кејн успеа со глава да забие во голот на Захов за конечни 1:3 откако Сон одлично му нафрли во казнениот простор.

Шкендија: Захов; Павиќ, Бејтулаи (к), Кривак, Мурати; Дита (77' Зејнулаи), Тотре; Дориев (85' Мерџани), Ахмеди, Нафиу (85' Рамадани); Ибраими.
Тотенхем: Харт; Орје, Санчес, Алдервејрелд (к), Дејвис; Бергвајн (65' Лукас Моура), Винкс (59' Ло Селсо), Ндомбеле; Ламела, Али (60' Кејн), Сон.

Со елиминацијата на Шкендија, Тотенхем продолжува во последното квалификациско коло, односно плеј-офот, каде ќе се бори за пласман во фазата по групи. Таму ќе се сретне со израелскиот Макаби Хаифа кој успеа да слави на гости кај руски Ростов со 1:2.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе