Уште еден фудбалер нѐ извиси: Новевски ќе игра за Србија

Младиот крилен напаѓач роден во Нови Сад досега ги бранеше боите на Македонија, но отсега ќе игра за Србија.

Владан-Влада Новески е 18-годишен фудбалер кој најмногу игра како десно крило, иако се снаоѓа и на спротивната страна, а и како централен напаѓач. Роден е во престолнината на Војводина во ноември 2002 година и уште од У16 репрезентацијата игра за земјата од каде потекнува, Македонија.

„По разговорот со директорот Никола Лазетич, донесов, заедно со родителите, дефинитивна одлука да по четигодишни настапи за сите катогории на Македонија, заиграм за Србија. И ќе ми биде чест“, вели тој денеска, а изјавата ја пренесува ФСС.

Фудбалскиот сојуз на Србија има нов директор на младинските катогории кој уште по доаѓањето на функцијата рече дека приоритет ќе му биде да ги врати во Србија сите талентирани фудбалери кои се родени и играат во Србија, а репрезентативно ги бранат боите на други држави (како Новевски), или се дел од српската дијаспора и настапуваат за земјите во кои се родени.

„Едноставно проценката ми е дека ќе имам подобри услови за развој, довербата на која наидов во Фудбалскиот сојуз на Србија ми гарантира дека ќе имам добра работа и се надевам на делосна афирмација. Во Војводина сум од пионери, ги познавам повеќето играчи во сите селекции и на мене останува да се наметнам преку напорна работа. Сакам да ѝ се заблагодарам и на Фудбалската федерација на Македонија за сѐ што искусив во младинските селекции“, заврши сега веќе поранешниот македонски репрезентативец.

Новевски ги бранеше боите на македонските репрезентации до 16, 17, 18 и 19 години, а сега ќе игра за У21 репрезентацијата на Србија.

Сезонава во најдобрата лига на Србија запиша 5 настапи за тимот на Војводина.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе