ЗИМСКИ ТРАНСФЕРИ 2022

Вардар го враќа и Мицевски

Откако го врати голманот Гачевски, Вардар сега е блиску до потпис и со уште еден повратник - играчот од дефанзивната средина Дарко Мицевски.

Фото: ФК Вардар Скопје

По едногодишна авантура во Латвија, 29-годишниот Мицевски се враќа во татковината и тоа во Вардар, клубот каде последно настапуваше. Трансферот сѐ уште не е потврден од македонскиот второлигаш, но според речиси сите спортски портали во земјава - тој е извесно дека ќе се реализира.

Мицевски во Вардар настапуваше од летото 2018 до јануари лани кога замина во латвискиот прволигаш РФС, напуштајќи го бродот кој тонеше. Вардар потоа испадна од Правта лига, па сега ќе му помага да се врати во елитата.

Претходно, Вардар го врати и голманот Филип Гачевски откако тој се раздели со кипарскиот клуб.

Мицевски е скопско дете кое кариерата ја почна во младинските погони токму на Вардар. Во земјава настапуваше и за Работнички и Тетекс, а во странство за Слобода од Ужице, ОФК Београд и Нови Пазар во соседна Србија, како и за белоруски Минск и либански Неџме.

Вардар зимава се обидува да се засили за да успее во мисијата да се врати во 1.МФЛ. На полусезона е на 3. место во 2.МФЛ Запад со заостанување од 12 бода зад лидерот Силекс и 3 бода зад второпласираната Воска Спорт. Само првиот обезбедува пласман во елитата, додека вториот ќе игра бараж против прволигаш.

Сезоната во второлигашката конкуренција продолжува на 19 февруари кога Вардар му гостува на Охрид Лихнидос.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Фудбал

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе