ПРЕМИЕР ЛИГА 2019/20

Варди конечно ја освои Златната копачка во Премиер лигата

Голгетерот на Лестер сезоната ја заврши на врвот на листата на стрелците и конечно дојде до наградата која одамна ја бркаше.

Џемји Варди со 23 голови оваа сезона е најдобар стрелец во Премиер лигата. Зад себе напаѓачот на Лестер ги остави Пјер-Емерик Обамејанг од Арсенал и Дени Ингс од Саутемптон кои постигнаа само еден гол помалку, односно 22. За прв пат во историјата играч на Лестер доаѓа до оваа награда.

Топ 10 најдобри стрелци за изминатава сезона:

1. Џемји Варди (Лестер) - 23
2. Пјер-Емерик Обамејанг (Арсенал) - 22
3. Дени Ингс (Саутемптон) - 22
4. Рахим Стерлинг (Манчестер Сити) - 20
5. Мохамед Салах (Ливерпул) - 19
6. Садио Мане (Ливерпул) - 18
7. Хари Кејн (Тотенхем) - 18
8. Маркус Рашфорд (Манчестер Јунајтед) - 17
9. Раул Хименес (Вулверхемптон) - 17
9. Антони Марсијал (Манчестер Јунајтед) - 17
Забелешка: кај играчите кои имаат ист број на голови подобро пласиран е играчот со повеќе асистенции. Доколку и бројот на асистенции е ист, тогаш играчите го делат местото. Ова правило не важи доколку станува збор за првото место каде во случај на ист број на голови наградата се дели.

Варди најблиску до ова признание беше во сезоната 2015/16 кога го предводеше Лестер до сензационалното освојување на титулата. Тогаш постигна 24 голови, но Златната копачка замина кај Хари Кејн кој сезоната ја заврши со гол повеќе.

За 33-годишниот напаѓач ова беше шеста сезона во Премиер лигата, сите во дресот на „Лисиците“ во ко има постигнато вкупно 103 гола.

Сите голови на Варди сезонава:

Remote video URL
Освојувачи на Златната копачка во последните 10 сезони:

19/20 Џемји Варди (Лестер) - 23
18/19 Пјер-Емерик Обамејанг (Арсенал), Садио Мане и Мохамед Салах (Ливерпул) - 22
17/18 Мохамед Салах (Ливерпул) - 32
16/17 Хари Кејн (Тотенхем) - 29
15/16 Хари Кејн (Тотенхем) - 25
14/15 Серхио Агуеро (Манчестер Сити) - 26
13/14 Луис Суарес (Ливерпул) - 31
12/13 Робин ван Перси (Манчестер Јунајтед) - 26
11/12 Робин ван Перси (Арсенал) - 30
10/11 Карлос Тевес (Манчестер Сити) и Димитар Бербатов (Манчестер Јунајтед) - 20

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе