Васко жабата го полуде интернетот, моментално има над 4 милиони прегледи

Социјалните мрежи се извор на бројни трендови, но и на песни кои умеат да нѐ заразат, дури и на сосема непознат јазик. Една таква од соседството сега целосно ги освои TikTok корисниците.

„На китарата, Васко жабата, тој ште свири драги гости само за вас“, гласи помалку бизарниот текст на песната која брзо ги освои социјалните мрежи.

TikTok е моментално преплавен од содржини со оваа мелодија, а многу корисници веројатно ја споделија без да знаат за што всушност се работи во песната.

Станува збор за веќе виралниот фолк хит на бугарската група „Оркестър Камчия“, а издвоените стихови кои всушност се дел од рефренот во превод значат: „Васко Жабата е на гитара, тој ќе свири драги гости, само за вас“.

Remote video URL

Песната која сите ја нарекоа „Васко жабата“ во оригинал всушност се вика „Комбайна-вършачка“, а иако многумина мислеа дека Васко е пејачот на бендот, се покажа дека тој всушност е гитарист.

Иако за прв пат била објавена пред 8 години, благодарение на популарноста што ја стекна преку ноќ, песната сега има 4 милиони прегледи на YouTube, а од минута во минута постојано доаѓаат бројни коментари.

„Да живее Васко Жабата, му благодарам што на сите ни подари ваков класик“, напиша еден корисник, додека друг додаде: „Колку подолго слушам и гледам, толку повеќе го откривам совршенството на ова ремек дело“.

Во некои од најпопуларните објави на TikTok со оваа мелодија во позадина, корисниците открија дека песната е 24 часа во нивните глави. Дел од нив можете да погледнете подолу.

@dinevv Дали и вие сте опседнати со оваа песна? 🐸🎸 #vaskojabata #vaskozabata #funny #viral #fyp #balkan #dinevv ♬ Комбайна-вършачка - Оркестър Камчия
@zunicdjordje Ludvig van Žabata #serbia #bulgaria #balkan #tiktoksrbija #tiktokbalkan #tiktokbulgaria #vaskozabata ♬ original sound - zunicdjordje
@maracarica__ PROGANJA ME SAUND 🤣 #maracarica ♬ Bugarska Himna Ceca Mecata ft Vasko Jabata - Haskić
@haskic99 Infinitiii Luup #foryourpage #smeh #vaskozabata #smehdosuza🤣 #humor #srbija🇷🇸 #parodija #viral ♬ Bugarska Himna Ceca Mecata ft Vasko Jabata - Haskić
@jelena_mua U medjuvremnu na Balkanu🤣 #foryou #fyp #jelenamua #vaskozabata #nagitarata #nagitaratavaskozabata #balkantiktok ♬ original sound - jelena_mua

Исто така, „Васко жабата“ не ги избегна ниту другите социјални мрежи, а твитерџиите со него споделуваат мемиња.

URL
URL

Инаку, ова не е прв пат една сосема „непозната“ песна да стане тренд на TikTok. Слична ситуација се случи и на почетокот на годината, кога некои од светските ѕвезди се приклучија на овој тренд снимајќи се на песната на босанскиот фолк пејач Фазлија, „Helikopter“.

Remote video URL
реклама

Музика

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Read more

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Read more

Дејвид Бекам ги обедини „Спајс грлс“ за роденденот на Викторија

Read more

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Read more
 

Сцена

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе