УЕФА ЛИГА НА НАЦИИ 2020/21

Вечерва Италија против Шпанија по финале во Лигата на нации

Дојде време и за завршницата од втората сезона на Лигата на нации - вечерва во Милано копјата ќе ги вкрстат моќните Италија и Шпанија.

Вечера од 20:45 часот на „Џузепе Меаца“ стадионот во Милано се игра првото полуфинале од завршницата на Лигата на нации, чиј домаќин на овој фајнлфор е Италија. Бранителот од претходното деби издание, Португалија, не успеа да се најде на завршницата, па дефинитивно Европа ќе добие нов победник во ова ново натпреварување. Утревечер на програмата е второто полуфинале во кое играат Белгија и Франција, а кое ќе се игра на „Алианц“ стадионот на Јуве во Торино.

И двата селектора вечер ќе истрчаат без некои од своите важни играчи, но влогот е голем, па и тие што ќе играат ќе мора да ја прифатат одговорноста. Голем проблем за „Аѕурите“ претставува отсуството на голгетерите Чиро Имобиле од Лацио и Андреа Белоти од Торино, двајца кои беа важна алка во освојувањето на ЕУРО 2020. Кај „Црвената фурија“ недостасуваат Маркос Љоренте, Педри и Хосе Гаја, а Алваро Мората не доби повик поради лоша форма.

Можни состави:

Италија: Донарума; Ди Лоренцо, Бонучи, Кјелини, Емерсон; Барела, Жоржињо, Верати; Кјеза, Распадори, Инсиње.

Шпанија: Симон; Аспиликуета, Лапорт, Пау Торес, Регилон; Коке, Бускец, Форналс; Феран Торес, Ојарсабал, Сарабиа.

Роберто Манчини:
„Имаме некои проблеми во нападот бидејќи поради повреди ни недостасуваат напаѓачите од ЕУРО. Сега имаме двајца млади напаѓачи во Распадори и Кин, ајде да видиме како ќе ги употребиме. Шпанија својот најдобар натпревар на ЕУРО го одигра против нас. Ни создадоа многу проблеми со поседот, но тие за тоа и се мајстори. Се мачевме, иако двата тима имаа сличен број на шанси. Мора да одиграме одличен натпревар“.

Луис Енрике:
„Големо задоволство претставува што повторно сме во Италија. Имав одлична година тука како тренер на Рома - ја обожавам храната, кафето, јазикот, сонцето, барем од Рим надолу, и мислам дека овие две репрезентации се многу слични. Мојот план, како и секогаш, е да нападнаме од почетокот и да играме амбициозно. Има многу играчи кои не можеа да ни се придружат и жалам за нив, но тука сме со добар состав“.

Натпреварот ќе го суди Русинот Сергеј Карасјов, а директен пренос македонските фудбалски вљубеници ќе можат да следат на Sportklub 1.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе