Велшката резерва го расипа репрезентативното враќање на Бензема

Карим Бензема синоќа после шест години повторно го облече францускиот дрес, имаше одлична прилика да постигне гол, но славјето му го расипа противничкиот голман.

Алжирецот роден во Франција стана репрезентативец уште во 2007 година кога имаше 19 години. Настапи на ЕУРО 2008 и 2012, како и на Мундијалот 2014, а потоа наредната година беше избришан од репрезентацијата токму од селекторот Дидје Дешан, по што почна медиумска војна која ја продолжи и во 2018 кога повторно беше изоставен од патниците за Мундијалот кој Франција потоа и го освои.

Сега ги закопаа секирите, па Бензема на 33 години е вратен во репрезентацијата и ќе настапи на претстојното ЕУРО.

Франција синоќа во Ница одигра пријателски натпревар против Велс на кој од првата минута играше Бензема, прв пат по есента 2015 година. Во 27. минута Французите добија удар од белата точка по играњето со рака на Неко Вилијамс, а Бензема ја доби честа да го изведе и да го постигне својот прв репрезентативен погодок по оние два гола на пријателска против Ерменија на 8 октомври 2015.

За Бензема да нема славно враќање се погрижи велшкиот голман Дени Ворд кој одлично го прочита неговиот удар.

Remote video URL

Ворд е резерва во Лестер и откако е во клубот, три години, нема ниту еден настап во Премиер лигата бранејќи единствено во куповите. Сезонава собра вкупно 5 настапи.

Бензема го одигра целиот натпревар и не успеа да се запише во листата на стрелци, но му асистираше на Усман Дембеле при последниот гол за конечните 3:0.

Нова шанса за гол ќе има на наредната пријателска кога на осми во Париз ќе гостува Бугарија.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе