Вишеградска група В4 филмски вечери во Кинотеката

Во рамките на априлската филмска програма на Кинотеката ќе се одржи циклус филмови „Вишеградска група В4 филмски вечери“, посветена на кинематографиите на Чешка, Полска, Словачка и Унгарија, кои се дел од Вишеградската група.

Циклусот ќе почне на 5 април во 20 часот со проекцијата на комедијата „Празни шишиња“, во режија на Здењек Свјерак, по што ќе следува проекцијата на филмот „Студена војна“ на Павел Павликовски на 6 април. Веќе следната недела ќе бидат прикажани и филмовите „Инвалид“ на словачкиот режисер Јонас Карасек на 12 април и „Плоштад Москва“ на унгарскиот режисер Ференц Торок на 13 април.

Сите проекции се бесплатни за сите посетители.

Распоред:

5 АПРИЛ (ПЕТОК) 20:00 ч.
„ПРАЗНИ ШИШИЊА“
(Vratné láhve)

Игран филм, Чешка
2007, 104 мин, ДЦП
Режија: Јан Сверак (Jan Sverák)
Сценарио: Здењек Свјерак (Zdeněk Svěrák)
Улоги: Здењек Свјерак, Даниела Коларова, Павел Ландовскиј (Zdeněk Svěrák, Daniela Kolárová, Pavel Landovský)

65-годишниот наставник Јозеф се повлекува од наставата откако бил прекорен затоа што полил со вода еден негов дрзок ученик. Избегнувајќи ја својата сопруга која е разочарана од него, тој се вработува во одделот за враќање шишиња во супермаркет во Прага. Кога не фантазира за жени на половина негова возраст – Јозеф почнува да шпекулира и да ги нарушува животите на клиентите и соработниците.

Remote video URL

6 АПРИЛ (САБОТА) 20:00 ч.
„СТУДЕНА ВОЈНА“
(Zimna wojna)

Игран филм, Полска, Франција, Обединето Кралство
2018, 88 мин, ДЦП
Режија: Павеу Павликовски (Paweł Pawlikowski)
Сценарио: Павеу Павликовски, Јануш Гуовацки (Paweł Pawlikowski, Janusz Głowacki)
Улоги: Јоана Кулиг, Томаш Кот, Борис Шиц (Joanna Kulig, Tomasz Kot, Borys Szyc)
Директор на фотографија: Лукаш Жал, (Łukasz Żal)

Композиторот Виктор и уметницата Зула, две индивидуи од различни социјални средини, се сретнуваат и се заљубуваат, веднаш по Втората светска војна. Набрзо Виктор почнува да ја убедува девојката да ја напуштат комунистичка Полска и да пребегаат во Франција, во потрага по подобар живот.

Remote video URL

12 АПРИЛ (ПЕТОК) 20:00 ч.
„ИНВАЛИД“
(Invalid)

Игран филм, Словачка
2023, 112 мин, ДЦП
Режија: Јонас Карасек (Jonas Karasek)
Сценарио: Томаш Душичка (Tomáš Dušička)
Улоги: Грегор Холошка, Здењек Годла, Хелена Крајциова (Gregor Holoska, Zdeněk Godla, Helena Krajciová)

Лако е некогашен работник на одржување во локален музеј во еден мал анонимен град во Словачка. Неговиот незгоден карактер го доведува во тешка ситуација. Тој останува инвалид по една средба со група безмилосни измамници. Врзан за инвалидска количка и со неговиот живот во спирала, сфаќа дека правдата изгледа неостварлива, па одлучува да ги преземе работите во свои раце, тргнувајќи во одмаздничка мисија. Во тоа му помага неговиот нов пријател Габо, локален Ром, кој му овозможува на Лако да ги види работите од нова перспектива.

Remote video URL

13 АПРИЛ (САБОТА) 20:00 ч.
„ПЛОШТАД МОСКВА“
(Moszkva tér)

Игран филм, Унгарија
2001, 89 мин, ДЦП
Режија: Ференц Терек (Ferenc Török)
Сценарио: Ференц Терек (Ferenc Török)
Улоги: Габор Карајош, Естер Бала, Ерзи Папаи (Gábor Karalyos, Eszter Balla, Erzsi Pápai)
Директор на фотографија: Даниел Гараш (Dániel Garas)

1989 година е една од најважните години за земјите во Источна Европа. Во тогашна Унгарија, неколку адолесценти воопшто не се интересираат за клучните промени во нивната средина. Напротив, продолжуваат понатаму со секојдневниот живот, запознавајќи девојки, дружејќи се на забави, излегувајќи речиси секоја вечер, препишувајќи на матурските испити. Секојдневието навидум продолжува, но ништо повеќе нема да биде како што било.

Remote video URL
Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Култура

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Read more

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Read more

Распишани конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“

Read more

По осми пат ќе се одржи Today It's All About Jazz во Скопје

Read more
 

Вести

Османи: Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 + Бадентеровото

Читај повеќе

Јапонски аеродром не изгубил ниту еден багаж за 30 години работа

Читај повеќе

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Читај повеќе

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Читај повеќе

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Читај повеќе

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне дожд

Читај повеќе

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе