Владата одлучи да ги укине ковид-мерките, маските и натаму задолжителни во ЗУ, аптеки, јавен превоз и домови за стари

Владата на денешната седница одлучи да ги укине сите останати ковид-мерки, со исклучок на задолжителното носење заштитни маски во здравствените домови, аптеките, јавниот превоз и центрите за нега на стари лица и лица со посебни потреби, објави на својот Facebook профил првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.

Тој посочува дека одлуката на Владата следи по заклучокот на Комисијата за заразни болести за стабилната епидемиолошка состојба во земјава.

– Владата препорачува практикување на основните превентивни мерки за лична заштита од COVID-19, напиша Груби.

Комисијата за заразни болести на состанок одржан на 27 април препорача укинување на сите рестриктивни мерки за справување со COVID-19, освен задолжителното носење маски во здравствени установи, аптеки, јавен превоз и домови за стари лица. Комисијата сепак упати апел до граѓаните да ги почитуваат препораките за лична заштита и хигиена, како што се често миење раце, дезинфекција и одржување дистанца.

Од Комисијата потсетија и дека вакцинацијата и понатаму останува најдобра и најефикасна мерка за заштита на здравјето на населението.

Комисијата за заразни болести на дневна основа ја следи состојбата со COVID-19 и доколку има потреба ќе бидат препорачани нови мерки, соопшти минатата недела Министерството за здравство.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Read more

Денес дожд и грмежи, можно е краткотрајно невреме со силен ветер и град

Read more

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more
 

Вести

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Читај повеќе

Денес дожд и грмежи, можно е краткотрајно невреме со силен ветер и град

Читај повеќе

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе