Владата утре ќе ги разгледа предлозите на Комисијата за заразни болести

Владата утре на седница ќе ги разгледа предлозите на Комисијата за заразни болести и на Главниот штаб и ќе се изјасниме точно по нив. Генерално Владата ги подржува заради институциите, заради важноста на здравствената Комисија, заради нивниот експертизам кои го имаат и големата доверба што ја имаме. Владата штом се изјасни веднаш ќе ги соопшти предлозите, истакна денеска премиерот Зоран Заев.

Тој предлага и претставници на опозицијата, како што е доктор Вело Марковски, да дадат предлози, а Владата ќе ги разгледа.

– Оваа Комисија не е ниту од СДСМ, ниту од ДУИ, ниту од не знам која друга политичка партија, туку тоа е државна здравствена комисија на која ѝ веруваме, ја охрабруваме да носи предлози, сугестии до Главниот штаб и до Владата. Утре штом Владата ќе се изјасни за овие прашања ќе излеземе јавно со министерот за здравство и неговиот тим од Министерството за здравство, јас и ако треба и други луѓе да ги соопштиме мерките, рече Заев, одговарајќи на новинарски прашања по отчетот за сработеното на Владата во првите 100 дена.

Доаѓа време на празници, прво католички Божик, Нова Година, православен Божик и другите празници од крајот на годинава и во јануари и е многу логично да сериозно разгледуваме вакви аспети, нагласи Заев и додаде дека му е драго што Комисијата за заразни болести навремено ги дава ваквите предлози и штом ќе ги утврдат веднаш ќе ги соопштат.

Комисијата за заразни болести реши да ѝ препорача на Владата нов пакет рестриктивни мерки за период од 18 декември до 21 јануари, со цел да се избегне зголемување на бројот на заболени од COVID-19 во престојниот период на празници. Се предлага угостителските објекти да се затвораат во 18 часот и да нема групирања дома и на отворено.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Македонија

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Read more

Муцунски: Бојкотот не успеа, ДУИ оди во опозиција

Read more

ДИК: Ќе се избере претседател, излезноста надмина 40%

Read more

ДИК: До 13 часот за претседател гласале 302.158, на парламентарни 312.070 граѓани

Read more
 

Вести

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Читај повеќе
  • play_arrow

Муцунски: Бојкотот не успеа, ДУИ оди во опозиција

Читај повеќе
  • play_arrow

ДИК: Ќе се избере претседател, излезноста надмина 40%

Читај повеќе
  • play_arrow

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Читај повеќе

75-годишен маж прегазен на паркинг во Скопје, сторителот побегнал

Читај повеќе

Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност

Читај повеќе

ДИК: До 13 часот за претседател гласале 302.158, на парламентарни 312.070 граѓани

Читај повеќе
  • play_arrow

МВР: Изборниот ден тече мирно, со регистрирани помали инциденти

Читај повеќе
  • play_arrow

Си Џинпин: Србија е првата земја од Европа со која ќе изградиме заедница со заедничка иднина

Читај повеќе