Влијанието на Шекспир врз англискиот јазик
Користејќи го англискиот јазик секојдневно употребуваме зборови и идиоми кои не сме свесни дека ги употребуваме благодарение на Вилијам Шекспир.
Доколку читате оригинално дело на Шекспир, тешко дека многу ќе разберете од него. Англискиот во неговото време бил доста поинаков, но токму Шекспир има голема улога во мутацијата на денешниот англиски благодарение на своите 38 драми и 150 поеми.
Според истражувањата, Шекспир создал, или популаризирал, околу 1.700 зборови кои денес се употребуваат во англискиот јазик.