Во Дубаи е отворен хотелот Address Beach Resort кој го има највисокиот базен во светот.
Импресивниот базен се наоѓа на височина од 294 метри и е највисок безграничен базен во зграда.
Безграничниот базен е двојно подолг од еден олимписки базен бидејќи е долг 94,84 метри, а широк 16,5 метри.
Овој базен може да го користат само гостите во хотелот коишто имаат 21 година.
Address Beach Resort и Address Beach Residences се сместени во две згради кои се поврзани долу, но и на 63-тиот и 77-от кат. Зградатa е отворена во декември 2020 година.