Во Израел пронајдени остатоци од досега непознат вид луѓе

Археолози од Универзитетот во Ерусалим и од Универзитетот во Тел Авив со години анализираа делови од коски откриени во 2010 година во Нешер Рамла, југоисточно од Тел Авив.

Коските се пронајдени во израелски каменолом, а се стари меѓу 120.000 и 140.000 години. Научниците ги споредувале со стотици фосили од светот кои потекнуваат од различни периоди и откриле дека овие фрагменти веројатно припаѓаат на досега непознат вид луѓе кои се блиско поврзано со неандерталците и со нив делат заеднички карактеристики.

Овој нов подвид научниците го нарекоа нешер рамла, пишува Times of Israel. Живееле покрај хомосапиенс повеќе од 100.000 години и веројатно се вкрстиле со нашиот вид, сметаат научниците. Овие рани луѓе кои имале многу големи заби и немале брада (во анатомска смисла), можеби исто така биле предци на неандерталците.

Експертите сметаат дека постојат доволно сличности овие луѓе да се поврзат со останатите популации стари и до 400.000 години пронајдени во ископините низ пештери во Израел.

„Морфологијата на луѓето Nesher Ramla споделува карактеристики и со неандерталците (особено забите и вилицата) и со архаичниот хомо (черепот). Истовремено, овој вид луѓе е многу различен од современите луѓе, има целосно поинаква структура на черепот, многу големи заби и нема брада, изјавија научниците.

Веруваат дека овој вид се парел со хомосапиенс, којшто на тоа подрачје пристигнал пред 20.000 години.

Ова ново истражување ги потврдува претходните студии кои покажуваат дека хомосапиенс и неандерталците се поклопиле на Блискиот Исток во текот на значаен временски период, веројатно на неколку десетици илјади години.

Истражувањето „Middle Pleistocene Homo behavior and culture at 140.000 to 120.000 years ago and interactions with Homo sapiens“ е објавено во Science.

Remote video URL
реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Наука

Климатските промени ја забавуваат ротацијата на Земјата што доведува до совршен ден

Read more

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Read more

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more
 

Гик

Климатските промени ја забавуваат ротацијата на Земјата што доведува до совршен ден

Читај повеќе

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Читај повеќе

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Читај повеќе
  • play_arrow

Британците за својот Challenger 3 тврдат дека е најсмртоносниот тенк на сите времиња

Читај повеќе

Kои се најпродаваните телефони во првите три месеци од 2024 година?

Читај повеќе

Одложено лансирањето на Starliner на Boeing

Читај повеќе

Веќе кружат гласини: Apple ќе го претстави iPhone 17 Slim во 2025 година

Читај повеќе

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе