Во Хамбург претставен првиот целосно автоматизиран воз

Компанијата Siemens и германската железница Дојче Бан (Deutsche Bahn) го претставија првиот целосно автоматизиран воз во градот Хамбург.

Директорот на ДБ, Рихард Луц, рече дека автоматизираната пруга обезбедува подобра и посигурна услуга, сето тоа без ниту една милја нова шина.

Иако некои аеродроми ширум светот имаат автономни железнички шатлови на една шина, како и Париз кој поседува автономно метро, ​​новиот воз претставен во Хамбург е првиот целосно автоматизиран воз кој може безбедно да ја користи постоечката железничка инфраструктура заедно со стандардните возови управувани од екипаж.

URL

Siemens тврди дека новиот воз е поефикасен поради користењето на вештачка интелигенција, што овозможува строго следење на распоредот и исполнување зголемените барања поефикасно од човек. Четири автоматизирани возови ќе се користат во брзата градска железничка мрежа S-Bahn, а патниците ќе започнат со превоз во декември. Возот е развиен во проект за модернизација вреден 60 милиони евра.

Иако возовите ќе бидат целосно автоматизирани, сепак од безбедносни причини ќе биде присутен човек секогаш кога ќе се возат патници. Маневри како вртење ќе се изведуваат автоматски без потреба од човечко присуство.

URL

Siemens планира до крајот на оваа деценија да го дигитализира целиот систем S-Bahn во Хамбург, а автоматизирана технологија во иднина треба да се користи низ цела Германија. Железничкиот превоз е во подем бидејќи е почист и посигурен начин за патување. Железничкиот транспорт, во просек, генерира 80% помали емисии на километар во споредба со патниот транспорт.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе