1.МФЛ 2019/20

Во понеделник ФФМ и клубовите ќе разговараат околу продолжување на сезоната

Бидејќи сѐ уште нема јасен став од Министерството за здравство, а крајниот рок на УЕФА полека наближува, ФФМ и десетте прволигаши в понеделник ќе одржат состанот на кој ќе ги разгледаат опциите.

Фото: ФФМ

УЕФА бара од своите членки до 25 мај да донесат конечна одлука дали ќе ги продолжат своите првенства или ќе се прогласи дефинитивен крај. Во Македонија сѐ уште нема дефинитивен став по ова прашање од страна на надлежниот орган, односно Министерството за здравство од каде деновиве најавија дека од наредната недела ќе се дозволи одржување тренинзи на отворено.

„Натпреварувачката комисија во ФФМ постојано ги следи настаните поврзани со вонредната состојба во нашата држава и епидемиолошката состојба, а ФФМ како водечко фудбалско тело сѐ уште е во исчекување на препораките и мерките од координативниот кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирусот COVID-19 за евентуален почеток на тренинзите на фудбалските екипи. Токму од тие препораки и мерки ќе зависи евентуалното продолжување на националното фудбалско првенство, бидејќи веќе влегуваме во термини кои го загрозуваат доигрувањето на шампионатот“, велат од Фудбалската федерација на Македонија.

Состанокот со десетте прволигаши е закажан за понеделник од 13 часот.

„Се надеваме дека до понеделник, здравствените институции официјално ќе ги соопштат мерките и препораките и ФФМ заедно со клубовите ќе излезе со заеднички став за натпреварувачката сезона 2019/2020. Како федерација сме во постојан контакт со УЕФА и федерациите во регионот кои се соочуваат со слични предизвици со цел да се донесе правилна одлука за доброто на фудбалот и клубовите“.

реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Фудбал

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Read more

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Read more

Жирона може да се радува: City Group се повлекува за клубот да игра ЛШ

Read more

Дали Англичаните ќе донесат историска одлука за укинување на ВАР?

Read more
 

Спорт

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Читај повеќе

Николов и Начевски ќе го судат финалето во ЛШ

Читај повеќе

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Читај повеќе

Жирона може да се радува: City Group се повлекува за клубот да игра ЛШ

Читај повеќе

Дали Англичаните ќе донесат историска одлука за укинување на ВАР?

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ: Јас сум чудо на природата!

Читај повеќе

Жирона мора да реши еден проблем доколку сака да игра во Лигата на шампиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Со гол од корнер во 90+ Љуботен го освои женскиот куп против Саса

Читај повеќе
  • play_arrow

Синот на Леброн им се претстави на НБА тимовите: Лажел дека е 9 см повисок

Читај повеќе