Водич за секстинг: Што треба да знаете кога испраќате секси пораки?

Ако сте решени да испраќате секси пораки до личноста која ви се допаѓа, важно е да ги изберете вистинското време, место и начин. Сепак, треба да знаете дека постојат два вида секстинг, оној кој се смета како вознемирување и оној кој за цел има да ја возбуди саканата личност.

Во денешно време сексот веќе не е табу тема, а комуникацијата со секси пораки некако се вовлече во нашето секојдневие. Испраќање разголени слики, видеа и пораки со експлицитна содржина може да биде возбудливо, но важно е да почитувате одредени правила.

Со помош на овие совети лесно ќе ја совладате техниката за испраќање секси пораки.

Планирајте го времето за секстинг

Исто како и класичниот секс, и секстингот бара од вас да испланирате кога ќе му се посветите. На овој начин ќе знаете кога да му испратите секси слики од вашите гради на партнерот, за да го возбудите. Не би сакале да го направите тоа додека е тој на деловен состанок, нели? Затоа договорете се за некоја тајна шифра која ќе ви биде знак на двајцата дека е идеално време за мала авантура.

Предиграта не смее да изостане

Иако самиот секстинг може да се смета за предигра, и тој самиот може да има мала предигра. Така, за почеток навестете кој вид на долна облека го имате на себе и прашајте го во што е облечен моментално. Опишете му како лежите во кревет и го замислувате покрај себе. Не се брзајте, препуштете се на вашиот секси разговор и уживајте.

Кажете му со какви секс играчки сакате да си играте

Без разлика дали само му испраќате пораки или фотографии, задолжително споделете со партнерот со кои секс играчки си играте. Не треба да му набројувате што имате од колекцијата, туку кажете му каде и како ја користите истата. Може да му испратите фотографија од играчките наредени на креветот и да го прашате со која сака да си поиграте.

Преминете на главната работа

Ако добро сте ги одработиле претходните чекори, овој не треба да биде тежок. Бидете директни и кажете му точно што да направи. Не комплицирајте и бидете јасни. Ако и вам ви е првпат, не е лошо малку да се охрабрите и себеси и него. На крајот истакнете дека супер сте си поминале заедно.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Љубов и секс

Што значи да сте заглавени во врска?

Read more

Не се измачувајте повеќе: Дали е време да раскинете?

Read more

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Read more

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Read more
 

Магазин

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе

Што можете да направите против опаѓање на косата по породување?

Читај повеќе

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Читај повеќе

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Читај повеќе

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Читај повеќе