Војдан Стојановски: Турнирот во Талин е вистински тест за Македонија

Kапитенот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Војдан Стојановски, натпреварите во Талин ги гледа како тест за можностите на тимот, но во исто време и можност повеќе за собирање на потребното искуство за помладите играчи кои се дел од националниот тим.

Македонија отпатува на предолимпискиот турнир, каде ќе игра против селекциите на Израел, Естонија и на Чешка.

„Ова сум го кажал во доста прилики, и тоа останува и за оваа. Ние како екипа, кои сме тука во Талин, ќе дадеме сѐ од себе да се прикажеме во едно добро светло и да стигнеме до еден добар резултат. Што се однесува до противниците, станува збор за доста добри репрезентации. Во изминатиот период видовме со кој потенцијал ќе дојдат тука во Талин. Оттука сметам дека ова ќе биде еден добар тест, да видиме колку можеме во еден ваков состав, во кој има неколку измени. Но, во исто време да биде и едно искуство плус за оние помладите играчи во репрезентацијата пред кои следуваат и други вакви, слични предизвици“, истакнува капитенот Војдан Стојановски.

Според програмата, турнирот кој се игра во градската арена „Тондираба“ во Талин, од 15 часот, ќе го отвори дуелот меѓу домаќинот Естонија и Чешка. Три часа подоцна, од 18 часот, Македонија ќе игра против репрезентацијата на Израел.

Првопласираните две репрезентации од турнирот во Талин ќе се пласираат на завршниот турнир во Полска. Победникот од Полска ќе избори пласман во квалификациите за пласман на Олимпијадата во Париз.

Директни преноси од натпреварите на Македонија од Талин ќе пренесува Канал 5.

ОЛИМПИСКИ ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ – ТАЛИН 2023

Распоред на настпревари

12 август (сабота)

15:00: Чешка - Естонија
18:00: Македонија - Израел

13 август (недела)

15:00: Израел - Чешка
18:00: Естонија -Македонија

14 август (понеделник)

слободен ден

15 август (вторник)

15:00: Чешка - Македонија
18:00: Израел - Естонија

реклама

Кошарка

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Read more

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Read more

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Read more

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Read more
 

Спорт

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе