НОВ КОНЦЕПТ

Volkswagen го претстави Golf GTE Skylight Wörthersee

Секоја година Volkswagen подготвува концепт за фестивалот Wörthersee во Австрија, а со оглед на ситуацијата предизвикана од пандемијата на коронавирус, оваа година автомобилот беше претставен во фабриката на германската компанија.

Станува збор за концепт Volkswagen Golf GTE Skylight со хибриден погон, кој е сличен на минатогодишниот концепт GTE HyRace.

Како што може да се очекува од концептот, Skylight се разликува од серискиот модел Golf GTE на кој се базира, во неколку детали. Пред сè, има специјално „руво“ со сина графика од Lapiz и Catalina на белото тело, како и 20-инчни бандажи. Рачките на вратите се осветлени, а задните светла имаат бела LED-графика на црна позадина. Поголемиот заден спојлер и браници се позајмени од Golf R, а концептот го красат издувните цевки од не'рѓосувачки челик, кои се направени со 3Д печатач.

Внатре има холограм со ознака GTE над централниот екран на допир, кој реагира на брзина или забрзување. Синиот тапацир на спортските седишта одговара на сините детали на контролната табла, воланот и панелите на вратите. Изборот на боја се чини логичен со оглед на тоа што ознаката GTE е поврзана со сината, GTI со црвената и GTD со црната.

Дел од автомобилот е импресивниот звучен систем скриен во багажникот, а неговата вкупна моќност е 3.110W. Тоа е повеќе од доволно за организирање забава на отворено. Во багажникот има електричен скејтборд.

Кога станува збор за погонот, нема промени. Сè уште постои комбинација од 1.4-литарски TSI и електромотор, кој испорачува вкупно 242 КС и 400 Nm вртежен момент. Силата се пренесува на предните тркала преку 6-брзински менувач DSG со употреба на електронски диференцијал XDS. Батеријата од 13kWh обезбедува електричен опсег од 60 км, а адаптивната суспензија DCC овозможува удобно или спортско возење, по желба на возачот.

Во проектот беа ангажирани 16 вработени, а според традицијата, тројца беа дел од минатогодишниот проект.

Оние кои сакаат да го видат концептот во живо, можат да го сторат тоа во фабриката Autostadt на Volkswagen во Волфсбург.

Тагови
реклама

По 8 тешки години, конечно доаѓа среќа за 4 хороскопски знаци

Read more

Просечната цена на електричен автомобил сега е пониска отколку на хибриден

Read more

Автобус се преврте во Унгарија, 12 мртви, возачот е уапсен

Read more

Работници нашле злато вредно 9 милиони евра копајќи канализациска цевка

Read more

Концепти

Mansory подготви два екстремни и уникатни Bugatti

Read more

Novitec го претстави суптилно модифицираниот Ferrari 12Cilindri Spider

Read more

McLaren го реставрира заборавениот модел M6GT

Read more

Euforia е нов уникатен автомобил од италијанската компанија Totem Automobili

Read more

Автомобили

Побиен еден од најчестите аргументи против електричните автомобили

Читај повеќе

Просечната цена на електричен автомобил сега е пониска отколку на хибриден

Читај повеќе

Mansory подготви два екстремни и уникатни Bugatti

Читај повеќе

Tesla повлекува возила Model 3 и Model Y поради проблем за кој знае од 2024 година

Читај повеќе

Жештината е опасна и за автомобилот: 5 работи на кои треба да внимавате

Читај повеќе

Кои се најдобрите половни автомобили до 3.000 евра? 

Читај повеќе

Повлечени Volvo XC40 возила поради ризик од пожар

Читај повеќе

Како сами да отстраните мали гребнатини од автомобилот без да ја оштетите бојата?

Читај повеќе

Од која земја доаѓаат најагресивните возачи?

Читај повеќе