Вработени во МВР со неплатен одмор одат да работат како келнери

Кадровската политика на СДСМ и Спасовски е погубна за Министерството за внатрешни работи, смета ексминистерот на МВР во техничката влада, Наќе Чулев.

Тој рече дека Министерството се соочува со најголемиот кадровски „геноцид“ во последните триесетина година.

„Соочени со политички притисоци и малтретирања, катастрофални услови за работа, ниски плати, уништување на системот за кариера и непостење реален систем за мерење и вреднување на перформансите, секојдневно расте бројот на барањата на полициски службеници за спогодбено раскинување на работниот однос. Информациите кои стигнуваат од вработените, велат дека во еден ден или во една недела, вработени од цели сектори заминуваат од Министерството за внатрешни работи и одат на работа во странство или во приватни компании“, вели Чулев.

Додава дека кадри со високо образование, специјалистички обуки и со сериозно искуство во областа на безбедноста, решаваат својата кариера да ја продолжат во приватни компании, а троцифрен е бројот на вработени во Министерството за внатрешни работи кои побарале право на неплатен одмор, за да работат во објекти покрај море во некоја од соседните земји.

Апсурдот е дотолку поголем, додава Чулев, што, замислете, келнер во некоја од земјите во соседството зема значително поголема плата од човекот кој треба да се бори против криминалот во Македонија, да расчистува убиства, да се грижи за мојата и вашата безбедност или да ја гарантира сајбер безбедноста на државата.

Ексминистерот смета дека флоскулите „Полиција за граѓаните“ и „Отворени кабинети“ се само начин да се скриjaт политичките притисоци, монтираните дисциплински постапки, незаконските унапредувања, фактот дека Спасовски пет години не може да изработи нова функционална систематизација на работните места и на крај да се скрие незадоволството на вработените кое ескалира од ден на ден. За споредба, вели Чулев, полициите од соседните земји, земаат речиси дупло поголема плата од тие во Македонија, а и материјално-техничките средства и опрема со кои располагаат се неспоредливи.

Тагови
реклама

Македонија

Апасиев од Штип: Единствен бранител против Бугарите во Устав ќе биде Левица

Read more

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, но СДСМ е подготвена за секаков резултат

Read more

Сончево и топло, температурата до 28 степени

Read more

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна експлозија во воена база во Камбоџа, загинаа 20 војници

Читај повеќе
  • filter

Апасиев од Штип: Единствен бранител против Бугарите во Устав ќе биде Левица

Читај повеќе

Милано на чекор да воведе забрана за продажба на храна и пијалаци после полноќ оти туристите ги вознемирувале жителите

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Грција

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, но СДСМ е подготвена за секаков резултат

Читај повеќе

Сончево и топло, температурата до 28 степени

Читај повеќе

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе