Вратата од гробот на Нефертити можеби е скриена во гробницата на Тутанкамон

По откривањето на скриените хиероглифи во гробницата на Тутанкамон, археолозите веруваат дека постои можност легендарната египетска кралица Нефертити да се наоѓа во тајна одаја покрај гробот на нејзиниот наследник.

Николас Ривс, поранешен кустос на Одделот за египетски антиквитети на Британскиот музеј, изјави дека експертите претходно се сомневале дека такво нешто е можно, но дека досегашните радарски снимки не ја потврдуваат оваа теорија.

Ривс открил дека картусите што го прикажуваат погребот на Тутанкамон биле насликани над картусот на Тутанкамон како ја погребува Нефертити, легендарната кралица на Египет и сопруга на кралот Ехнатон. Картус е овална рамка околу египетските хиероглифи што го означува името на фараонот.

„Откривме траги од претходно име“

„Откривме дека под има картуси од самиот Тутанкамон, што докажува дека на сцената првично се гледа како Тутанкамон ја погребува својата претходничка Нефертити. Нормално не би ја имал таа декорација во гробницата на Тутанкамон“, изјави Ривс за The Guardian.

На украсениот северен ѕид, подоцнежните картуши го покажуваат фараонот Аj, наследникот на Тутанкамон, како држи церемонијален сад и го изведува ритуалот на „отворање на устата“ на мумијата за да ги врати петте сетила на починатиот.

„По детално испитување на картусот на Ај, откривме траги од претходното име - Тутанкамон. Во својата оригинална верзија, оваа сцена го прикажува Тутанкамон како изведува погребен ритуал за првичниот сопственик на гробницата, неговата претходничка Нефертити“, вели Ривс.

Ненадејната смрт на младиот Тутанкамон

Гробницата на Тутанкамон е откриена пред точно сто години и во неа имало огромно количество богатства кои на младиот крал, како што верувале старите Египќани, ќе му бидат потребни во задгробниот живот.

Ривс верува дека ненадејната смрт на Тутанкамон во 1324 година п.н.е., кога тој имал 19 години и владеел со тронот само девет години, довела до одлука за итен погреб.

Тој рече дека новите докази ја поддржуваат теоријата дека гробницата на Тутанкамон е само надворешниот дел од многу поголема гробница подготвена за Нефертити, чии погребни комори се скриени некаде во комплексот.

„Археолозите отсекогаш биле збунети од гробот на Тутанкамон“

Во 2015 година, Ривс тврдеше дека сликите со висока резолуција од гробницата на Тутанкамон покажуваат линии под обоените ѕидни површини, што сугерира дека таму има врати. Но, други експерти сметаа дека скенирањата не биле доволно убедливи.

„Многу е лесно да се отпише оваа теорија како чиста фантазија, но открив дека декорацијата на ѕидовите на гробницата е променета. Археолозите отсекогаш биле збунети од местото на погребување на Тутанкамон поради неговата чудна форма. Таа е многу мала и не како што би се очекувало за крал“, изјави британскиот археолог.

Џорџ Балард, експерт за радарски и геофизички истражувања на згради и градби, е подеднакво возбуден од новото откритие и е убеден дека лажниот ѕид го блокира влезот во продолжениот дел од гробницата.

„Доказите што ги имаме досега сугерираат дека постои вештачка структура која ги формира северните и источните ѕидови на ризницата. Но, за некои тие не се доволно убедливи. Ова е секогаш проблем во науката. Но, ако постои структура, тоа значи дека некој ја изградил, а вие не градите во Долината на кралевите без цел“, вели Балард.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе