Времеплов: 18 години од голот од корнер на Шаќири против Англија

Филип Здравески
/ 16.10.2020 / 20:02

На денешен ден во 2002 година македонската фудбалска репрезентација го забележа еден од најголемите успеси кога одигра нерешено на гости со Англија, а успехот го зачини неверојатниот гол од корнер на Шаќири.

Англија, предводена од познатиот шведски стратег Свен-Јоран Ериксон, важеше за огромен фаворит против Македонија. Натпреварот беше дел од квалификациите за ЕУРО 2004, а се играше на „Сент Мери“ стадионот во Саутемптон.

Во 11. минута Артим Шаќири изведе корнер од десната страна и на изненадување на сите упати удар директно во голот на легендарниот Дејвид Симан. Англискиот голман, познат по киксови, беше фатен неспремен за такво нешто и мораше да ја вади топката од мрежата.

Само три минути подоцна Дејвид Бекам израмни, но Македонија уште еднаш успеа да дојде во водство кога во 24. минута Ванчо Трајанов упати одличен удар по една одбиена топка.

За неверојатно прво полувреме полно со голови се погрижи уште една легенда, Стивен Џерард кој израмни на 2:2. До крајот немаше промени, Македонија освои бод на Островот, а натпреварот остана во вечно сеќавање на секој македонски фудбалски вљубеник.

Remote video URL

За Македонија настапија: Петар Милошевски; Роберт Попов, Гоце Седлоски (к), Александар Васоски, Роберт Петров; Величе Шумуликоски, Александар Митрески, Ванчо Трајанов (90'+3 Милан Стојаноски); Артим Шаќири, Гоце Толески (62' Горан Пандев), Влатко Грозданоски. Селектор беше Никола Илиевски.

За Англија настапија: Дејвид Симан; Гари Невил, Џонатан Вудгејт, Сол Кембел, Ашли Кол; Вејн Бриџ (58' Дариус Васел), Пол Сколс, Стивен Џерард (55' Ники Бат), Дејвид Бекам (к); Алам Смит, Мајкл Овен.

Голот на Шаќири стави и печат на репрезентативната кариера на Симан. Тоа му беше последен настап во репрезентацијата бидејќи после тој корнер селекторот Ериксон направи смена помеѓу стативите ставајќи го Дејвид Џејмс.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Фудбал

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Read more

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Read more

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Read more

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе