Времеплов: 31 година од првиот гол во мак лигата, сѐ уште се трага по видео

Филип Здравески
/ 23.08.2023 / 14:09

На денешен ден во Битола беше постигнат првиот гол во првата сезона на најдобрата македонска фудбалска лига по независноста.

Пелистер во сезоната 1991/1992

Многу рано, уште во 4. минута од натпреварот помеѓу Пелистер и Рудар од Пробиштип пред двеилјадна публика на стадионот „Под Тумбе Кафе“ во Битола, Бруно Пресилски го постигнал првиот гол во новата 1.МФЛ на независна Македонија.

Откако една година претходно, на 8 септември 1991, Македонија прогласи независност и отцепување од Југославија, македонските клубови сезоната 1991/1992 ја доиграа во југословенските лиги. Во меѓувреме се кроеше фудбалскиот пирамидален систем за во август 1992 да почне лигашката авантура на независна Македонија - сезона 1992/1993.

На денешен ден, 23 август, во 1992 година се играа натпреварите од 1. коло на новата Прва македонска фудбалска лига, а беа постигнати следниве резултати:

Вардарски (Богданци) - Слога Југомагнат (Скопје) 0:0
Борец
(Велес) - Тиквеш (Кавадарци) 2:2
Македонија
(Скопје) - Беласица (Струмица) 0:0
Пелистер
(Битола) - Рудар (Пробиштип) 5:0
Победа
(Прилеп) - Вардар (Скопје) 1:1
Металург 
(Скопје) - Силекс (Кратово) 2:0
Саса
(Македонска Каменица) - ФЦУ (Скопје) 2:1
Осогово
(Кочани) - Тетекс (Тетово) 3:0
Балкан
(Скопје) - Брегалница (Штип) 2:1

Како што се гледа, тогаш се натпреварувале дури 18 клубови, за разлика од денес кога има 12. На крајот шампион станал Вардар, со 21 бод пред Силекс и Балкан, а од лигата испаднале Металург, Брегалница, Тетекс и Вардарски. Тогаш за победа се добивале по 2 бода.

Првиот гол

На деветте натпревари биле постигнати 22 гола, што во просек е малку над два гола по натпревар, или поточно 2,44. Честа да биде запишан во историјата како стрелец на првиот гол во 1.МФЛ ја добил младиот 19-годишен Бруно Пресилски, напаѓач на битолски Пелистер, кој во 4. минута со удар од дваесетина метри, не толку силен - како што еднаш изјави - ја затресол мрежата на гостите од Пробиштип. Според извештајот објавен во Нова Македонија, сликан од MacedonianFootball.com, голот паднал „со помош на голманот Папаров, кој што прво ја фати топката, потоа ја испушти и таа отседна во неговата мрежа“.

За жал видео од тој историски гол нема на интернет. Можеби постои некаде во архивата на МРТ, која тогаш вршела преноси и правела преглед на колото со хајлајтс од натпреварите. Можеби има снимка и Пелистер, можеби и ФФМ, па се надеваме некогаш ќе се одлучат да пребараат по своите архиви и јавно да го објават голот на Пресилски за да остане и како видео спомен за наредните поколенија.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе