Времеплов: Кога анонимниот Рекоба го украде дебито на Роналдо

Филип Здравески
/ 31.08.2023 / 15:24

На 31 август 1997 година се случи дебито во дресот на Интер на тогаш најдобриот играч во светот, бразилскиот Роналдо, но падна во сенка на еден млад и анонимен Уругваец - Алваро Рекоба.

Тоа неделно пладне црно-сината страна на Милано беше во еуфорија - на „Џузепе Меаца“ за прв пат на официјален натпревар ќе истрчаше големото засилување кое претседателот Масимо Морати им го подари на навивачите - Луис Назариу џи Лима Роналдо, кој за тогаш рекордни 27 милиони долари дојде од Барселона.

Пред 70 илјади нестрпливи гледачи, Интер предводен од Џиџи Симони истрча со Џанлука Паљука на голот, во одбраната Џузепе Бергоми, Хавиер Занети, Луиџи Сартор и Фабио Галанте, во средината Арон Винтер, Диего Симеоне, Франческо Мориеро и Јури Џоркаеф, а во нападот Маурицио Ганц со човекот на денот - Роналдо.

Противникот беше Бреша, чиј тренер Џузепе Матераци изваде храбра формација со двајца напаѓачи - легендите на Серија А, Емилиано Бонацоли и Дарио Хубнер.

И покрај надмоќноста, Интер не успеаваше да го совлада Џовани Червоне, а Роналдо или го промашуваше голот, или Червоне му бранеше. Во 73. минута се случи студен туш: голгетерот Хубнер на асистенција од младиот Андреа Пирло го замолкна „Меаца“ - Бреша води 0:1 на дебито на феноменот Роналдо. Само минута пред тој гол Интер ја направи првата измена, а во игра влезе 21-годишниот Алваро Рекоба на местото на Ганц.

Со бројот 20 на грбот, косоокото момче дојдено тоа лето од уругвајски Насионал, во 80. минута со топовски удар со лева најде начин како да го совлада тој ден одличниот Червоне и израмни на 1:1.

Само пет минути подоцна слободен удар за Интер на 30-ина метри од голот на гостите. Се мести младиот Рекоба, шутира со лева во левиот горен агол и Червоне повторно капитулира, а публиката е во делириум.

Така, 70 илјади гледачи што дојдоа да го слават бразилскиот виртуоз Роналдо станаа на крајот громогласно да го поздрават младиот Уругваец кој му ја украде славата на Роналдо. И за него ова беше деби.

Remote video URL

Интер таа сезона заврши втор, зад шампионот Јувентус, а Рекоба одигра само 8 натпревари на кои постигна 3 гола и двапати асистираше. Роналдо на 32 натпревара во Серија А постигна 25 гола и трипати асистираше, а беше втор најдобар стрелец во лигата зад Оливер Бирхоф со 27 гола за Удинезе. Бреша за малку не се спаси и испадна, бод заостануваше зад Виченца и два зад Емполи и Пјаченца.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе