Врвни фудбалери кои никогаш не настапиле на Светско првенство

Светското првенство е врв на кариерата за секој фудбалер. Мундијалите создаваа легенди, некогаш и од просечни фудбалери, но често ги пропуштаа некои врвни играчи.

Пеле, Марадона, Герд Милер, Гари Линекер, Ромарио, Роберто Баџо, Зинедин Зидан, Роналдо, Мирослав Клосе, Томас Милер, се само некои од играчите кои засекогаш ќе бидат запишани во историјата, пред се поради Мундијалите.

Меѓутоа, долга е и листата на фантастични играчи кои никогаш немале прилика да се најдат барем на едно Светско првенство, но не само поради слабоста на нивните селекции.

Поради предстоечките примери, секој фудбалер кој ќе се најде меѓу 23 среќници кои ја претставуваат својата земја на некој Мундијал, треба до крајот на животот да му се заблагодарува на бога.

Абеди Пеле (Гана)

Абеди Ају, уште попознат како Абеди Пеле, еден од најдобрите фудбалери од тие простори на сите времиња, три пати беше прогласуван за играч на африканскиот континент, три пати беше шампион на Франција, но со Гана не успеа да стигне до Мундијал.

Бернд Шустер (Германија)

Маестрален играч од средината на теренот, човекот кој играше и за Барселона и за Реал Мадрид и го направи едниот од најконтроверзните трансфери со преселбата од Каталонија во престолнината на Шпанија, беше еден од најдобрите централни играчи во своето време, исклучително ефикасен.

Не стигна до Мундијал поради константните конфликти со фудбалскиот сојуз на Германија, селекторот Јуп Дервал и неколку играчи, вклучувајќи го и Пол Брајтнер.

 

 

Казујоши Миура (Јапонија)

Миура е еден од примерите каде јачината и редовното учество на репрезентацијата не значат автоматски отворен пат кон Мундијалот, без разлика на квалитетот и головите.

Јапонците од 1998 се редовни на светските првенства, но на ниту еден не се најде Миура.

Легендарниот Јапонец е втор стрелец на „Самураите“ на сите времиња со 55 погодоци, пред Оказаки, Хонда, Кагава, Накамура, но никогаш не ја почувствува убавината на ова натпреварување.

Миура инаку и понатаму е активен професионалец, во 50 година настапува за Јокохама во втората јапонска лига.

 

 

Рајан Гигс (Велс)

За разлика од Миура, Гигс е пример како местото на раѓање може да уништи нечии детски сништа. Легендата на Манчестер Јунајтед, шампион во Премиер лигата дури 13 пати, еднаш и на Европа, никогаш не успеа со Велс да стигне до Мундијалот.

Жорж Веа (Либерија)

Кога ќе се зборува за африкански фудбал, многумина, барем оние кои раснеле со фудбалот од 90-тите години, прва асоцијација им е Жорж Веа. Легендарниот напаѓач на Милан, како и Гигс немаше среќа со родниот лист.

Либерија никогаш не стигна до Мундијал, па со тоа му беше оневозможен настапот на ова првенство на еден од најдобрите голгетери на сите времиња.

 

 

Џорџ Бест (Северна Ирска)

За разлика од Гигс чија селекција никогаш не стигнала до Светско првенство, Бест иако исто така е роден на „погрешно“ место во Велика Британија, сепак имаше прилика да се најде на Мундијал благодарение на својата селекција, но тоа никогаш не се случи.

Иако не е претерано редовен учесник на овие првенства, Северна Ирска се избори за настап на Мундијалот во Шпанија во 1982 година, кога Џорџ Бест беше пред крајот на кариерата, што го чинеше и место во тимот.

Иако сезона воочи Мундијалот на Пиринеите постигна 21 гола во САД, селекторот Били Бингман, сметаше дека неговите настапи во тогаш се уште аматерската МЛС лига не се адекватен приказ за неговиот квалитет на меѓунардоната сцена.

 

 

Алфредо Ди Стефано (Аргентина/Колумбија/Шпанија)

Без сомнение главната ѕвезда на оваа приказна е легендата на Реал Мадрид. Ретко кој играч во текот на кариерата постигнал речиси 500 погодоци и пропуштил Светско првенство, посебно ако е роден во Аргентина, но тоа му успеа на Ди Стефано.

Не му помогна ниту тоа што имаше и пасоши на две држави , Колумбија и Шпанија, ниту тој не го почувствува Мундијалот.

Аргентина одби да настапи на Мундијалот 1950 година во Бразил, поради промена на државјанството не можеше да патува со Колумбија во Швајцарија 1954 година, играше за Шпанија во квалификациите за Мундијалот 1958 година, но „Црвената фурија“, не обезбеди пласман во Шведска. Потоа на наредниот Мундијал во 1962 во Чиле конечно се најде на списокот, но се повреди, па натпреварите ги гледаше од клупата.

 

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе