Репрезентацијата на Грузија е првиот од трите бараж патници на ЕУРО 2024 во Германија откако вечерва на пенали ја совлкада Грција.
Откако 90 минути немаше гол, натпреварот замина во продолженија од двапати по 15 минути, но ниту таму Грузијците и Грците не можеа да погодат. И едните и другите имаа по некоја шанса, а Грците дури погодија и пречка.
Пенал-серијата беше безмислосна за Грците, кои сонуваат за европскиот собир од 2012 година кога последен пат играа.
Анастасиос Бакасетас промаши уште во првата серија откако Гиорги Мамардашвили добро го прочита. Во третата серија Жорж Микаутадзе го промаши голот за Грција да се врати во игра, но во четвртата Јоргос Јакумакис го копираше неговиот шут и му даде шанса на Ника Квеквескири со гол во петтата серија да ја однесе Грузија на историски настап на ЕУРО. Грузиецот беше непогрешлив за да се слави долго во ноќва во Тбилиси.
За Грузијците ова беше втора среќа откако во баражот за ЕУРО 2020 на истиот овој стадион во Тбилиси загубија од Македонија со голот на Горан Пандев. Добрите настапи во Лигата на нации повторно им дадоа бараж-шанса, која овој пат ја искористија, малку и среќно.
Грузија на ЕУРО 2024 ќе биде во групата Ф заедно со Турција, Португалија и Чешка.