Второлигашката жрепка талична за Осогово и Новаци

Филип Здравески
/ 30.05.2023 / 17:39

Попладнево во ФФМ беше извршена жрепката за пополнување на втората лига за наредната сезона со тоа што од трите поразени екипи во баражите две добија втора шанса и автоматски пласман.

Жрепката беше талична за екипите на Осогово од Кочани, победник на групата Исток од третите лиги, и Новаци од истоименото село во Битолско, победник на групата Југозапад. Извиси Влазерими Ј од Кичево, победник на групата Запад.

Сите три екипи во неделата беа поразени на бараж натпреварите за пласман во втората лига за наредната сезона 2023/2024. Новаци најмногу заслужи да го послужи среќата во жребот бидејќи беше најблиску до пласман во втората лига по регуларен пат - во баражот водеше речиси цел натпревар против неготински Вардар, во 90-тата минута прими гол за израмнување за потоа да загуби на пенали.

Осогово доживеа вистински дебакл, но имаше и најтешка задача бидејќи за противник го доби единствениот второлигаш, тетовски Тетекс, кој славеше со високи 6:1.

Влазерими Ј настапуваше во лига која по сите правила воопшто не требаше ни да се игра бидејќи броеше само 7 екипи, па по некоја логика и заслужено не го послужи фортуната. Инаку, во баражот со 3:0 беше преслушан од кумановски Башкими 1947.

Сите 16 учесници во 2.МФЛ за сезоната 2023/2024:

  • Скопје - поразен во бараж
  • Победа - испаднат од 1.МФЛ
  • Пелистер
  • Дет. Плачковица
  • Беса 1976
  • Охрид Лихнидос
  • Арсими
  • Кожуф
  • Беласица
  • Караорман
  • Саса
  • Тетекс - бараж победник
  • Башкими 1947 - бараж победник
  • Вардар (Н) - бараж победник
  • Осогово - жрепка
  • Новаци - жрепка
Тагови
реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Фудбал

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Read more

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Read more

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more
 

Спорт

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе