За посни гурмани: Похувана риба во слатко-кисел сос

Ова е највкусниот рецепт за похувана риба што некогаш ќе го пробате бидејќи слатко-киселиот сос со зеленчук и овошје му дава неверојатен шмек.

Никогаш нема доволно идеи за вкусен посен ручек, а сигурни сме дека ви е досадно да ги подготвувате истите јадења. Речиси за секоја мрсна храна денес можете да најдете посна замена, па дури и за време на велигденскиот пост можете да подготвите некои од најубавите јадења. Рибата најчесто се подготвува во рерна или се нарачува, а ние ви го пренесуваме најдобриот рецепт. Направете пржени филети од риба во слатко-кисел сос. Никогаш не сте пробале нешто подобро, а доволно е да послужите ориз како прилог.

Потребни состојки:

  • 250 гр филе од бела риба
  • ¼ лажичка сол
  • ¼ лажичка бибер
  • ¼ лажичка блага пипер
  • 2 чешниња лук
  • 1 главица виолетов кромид
  • 2 лажици пченкарен скроб
  • сусам

за сосот:

  • ⅓ чаша кечап
  • 3 лажици оцет
  • 1 лажица соја сос
  • 2 лажици шеќер
  • 1 зелена пиперка
  • 1 црвена пиперка
  • 2 чешниња лук
  • 1 конзерва ананас
  • 1 лажица брашно

Подготовка:

Исечете ја рибата на коцки, па зачинете. Додадете мелен лук, скроб и маслиново масло. Сè убаво измешајте и пропржете ја рибата во тавата во која сте загреале масло.

Исцедете го сокот од ананас и измешајте го со кечап, оцет, соја сос, шеќер, сол и бибер. Сè убаво измешајте.

Во друга тава на малку масло пропржете ситно сечкан лук, а потоа додадете крупно сечкан виолетов кромид, како и пиперките. Пржете додека зеленчукот не омекне, а потоа додадете го сечканиот ананас и покријте го со сосот. Кога сосот ќе почне да врие, додадете една лажичка брашно и измешајте. Сосот треба да се згусне. Додадете ја пржената риба, измешајте, украсете со сусам и послужете.

Препорачуваме да гарнирате со варен ориз.

Remote video URL
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Рецепти

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Read more

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Read more

Чоколадните кнедли многу лесно се прават, а можете веднаш да ги изедете

Read more

Ловечки шницли на руски начин

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе