ЗИМСКИ ТРАНСФЕРИ 2024

За Санчо фрлија 85 милиони, сега го праќаат на позајмица и ќе му плаќаат голем дел од платата

Манчестер Јунајтед ќе го испрати Џејдон Санчо на позајмица до крајот на сезоната во Борусија Дортмунд, пренесува BBC.

Менаџерот Ерик тен Хег го отстрани Санчо од тимот во септември поради слабите перформанси на тренинзите.

Напаѓачот потоа на социјалните мрежи објави дека е „жртвено јагне“, а потоа одби да му се извини на менаџерот на „Црвените ѓаволи“.

Оттогаш Санчо тренира одвоено од тимот, а Манчестер Јунајтед планира да го испрати на позајмица во Борусија до крајот на сезоната. Тој пристигна во клубот од „Олд Трафорд“ токму од Борусија во јули 2021 година за 85 милиони евра.

Медиумите пренесуваат дека преговорите меѓу двата клуба околу позајмица на англискиот фудбалер се во тек, а најголем проблем е платата на Санчо.

Британски Athletic пишува дека Борусија наводно се понудила да исплаќа само третина од платата на англискиот фудбалер, па Јунајтед ќе треба да го покрива останатиот дел.

Санчо одигра 82 натпревара за Манчестер Јунајтед и постигна 12 гола. За англиската репрезентација настапуваше од 2018 до 2021 година, настапи на 23 натпревари и 3 пати се запиша во листата на стрелци.

реклама

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Три намирници што ги зачепуваат артериите

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Фудбал

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Read more

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Read more

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Read more

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more
 

Спорт

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе