Забраната за увоз на половни возила под ЕУРО 5 стандарди се одложува за 2022 година

Ветувањето на министерот за економија Крешник Бектеши од јануари дека Македонија годинава ќе го забрани увозот на половни возила со под ЕУРО 5 стандарди на емисија на издувни гасови, сепак нема да се оствари. Наместо годинава, најновите информации од Министерството за економија се дека забраната за увоз на возилата постари од 10 години би се вовела во 2022 година, јави агенцијата Мета.

Фото: Бојан Блажевски / Мета

„Во рамките на Министерството за економија е во завршна фаза анализата на правилниците кои произлегуваат од Законот за возила, а го регулираат увозот на моторните возила. Воедно се определуваат техничките спецификации кои треба да ги исполнуваат возилата при увоз за да биде задоволен најмалку ЕУРО 5 стандардот. Се очекува правилниците да бидат донесени на почетокот од идната година“, информираа за Мета од Министерството за економија.

Одложувањето на забраната за увоз на половни возила со под ЕУРО 5 стандарди доаѓа заедно со одолговлекувањето на цела серија од законски мерки и ограничувања, кои треба да го дестимулираат користењето на овие возила. Па така, веќе три години наназад не се спроведува најавената мерка за воведување на еколошки налепници за сите возила во земјава, со што во услови на енормно загадување ќе им се оневозможи да се движат на оние превозни средства кои испуштаат најмногу штетни честички во воздухот.

Според истражувањето на Мета, лани во земјава биле регистрирани 500.633 патнички моторни и приклучни возила, односно за една деценија бројот на регистрирани возила во Македонија се зголемил за дополнителни 150.000. Она што најмногу загрижува е порастот на просечната старост на возилата во земјава, која во 2020 година достигнала 19,4 години.

Увозот на половни возила продолжува, а податоците на Царинската управа велат дека импортерите успеале да внесат 20.505 половни возила во периодот јануари-јуни 2021 година, додека како нови неупотребувани возила во овој период се увезени речиси тројно помалку, односно 3.410.

Забраната на увозот на половни возила со под ЕУРО 5 стандарди би оневозможила во Македонија да пристигнуваат автомобили и други превозни средства кои се произведени пред 2011 година, односно ќе се забрани увоз на возила постари од 10 години. Ваква регулатива веќе спроведува Босна и Херцеговина од средината на 2019 година, додека Албанија ваква забрана воведе од 1 јануари 2019 година.

За разлика од овие две земји, во Србија владеат помалку строги стандарди, така што северниот сосед во моментов забранува увоз на возила со под ЕУРО 3 стандарди. Ова значи дека во земјите од Западен Балкан постојат различни критериуми за увоз на стари возила, кои овозможуваат одредено количество на овие превозни средства кои веќе се забрануваат во Европа, да се реимпортира меѓу овие земји.

Поради зголемувањето на стапката на моторизација на населението во земјава растат и емисиите на стакленички гасови од транспортот, кои доведуваат до климатските промени. Ако се погледнат податоците во секторот Енергетика, во 1990 година транспортот имал удел од 8,2% во создавањето на штетните гасови мерени во јаглерод диоксид, додека во 2016 година неговиот процентуален удел се зголемил на дури 28,1%.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Read more

Денес дожд и грмежи, можно е краткотрајно невреме со силен ветер и град

Read more

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Читај повеќе

Денес дожд и грмежи, можно е краткотрајно невреме со силен ветер и град

Читај повеќе

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе