Заев: Остануваме фокусирани на патот кон членство во ЕУ, најмногу губи Европа ако се откаже од ова

Она што треба да биде јасно дадено на знаење е дека друг пат освен патот кон полноправно членство во ЕУ нема. Остануваме фокусирани целосно на тој пат. Апсолутно знаеме до каде се разговара. Јас сум Македонец, јас сум роден Македонец и израснат како Македонец, изјави вечерва премиерот Зоран Заев во гостувањето на ТВ Телма.

Заев рече дека од ситуацијата со бугарската блокада губат и Бугарија и Северна Македонија, но, како што рече, најмногу губи Европа ако се откаже од ова.

-Има работи за кои не само што не се преговара, туку и не се ни разговара. Јас се надевам дека на нашите пријатели, зборувам за пријатели, заради тоа што бугарскиот народ е пријател на македонскиот народ, а со тоа и нивната Влада, претседателот, па дури и опозицијата треба да знаат дека правото на самоидентитет, правото на определба, правото на свој мајчин јазик е сопствено универзално право загарантирано со меѓународни договори, со универзалните човекови права и се, рече премиерот.

Вели дека ја чувствува горчината на граѓаните и оти се смета за должен да ги отвора патеките за да се гради искрено пријателство, кое, како што рече, мора да биде обострано.

– Дури и за танго треба двајца. Вчера се обратив со целата горчина, веројатно забележија и тага во моите очи, во мојот однос, човек сум, се забележува и тоа и така беше, но денеска продолжувам. Нема како поинаку. Продолжуваме да се убедуваме, рече Заев.

Посочи дека Европа во своите фундаментални вредности, во своите европски вредности е експонент и пример за убави работи, една од нив е дека ги негува сите различни европски идентитети.

-Впрочем и тој европски идентитет ние овде го негуваме со сите свои различности. Нашата земја е Европа во мало со различни идентитети и во етичка смисла на зборот. И ние очекуваме Европа исто така да го негува и чува нашиот македонски идентитет и нашиот мајчин македонски јазик, истакна премиерот.

Изрази надеж дека ова прашање ќе се реши час поскоро, заради, како што рече, добробит и на македонскиот и на бугарскиот народ, а и заради продолжување на патот на нашата интеграција.

-Многу векови наназад, децении раскарани сме, кавги, непријатности или слично. Се согласувам со тезите дека денес ние пишуваме историја. Не дека не е важно нашата историја, бугарската историја. Многу е важно. Ама не е поважно од денешнината и од иднината. И од тој аспект ние треба да ја гледаме историјата како мост на поврзување, на градење на пријателство за да можеме да  ја потврдиме сегашноста која што ги отвора сите мегдани за иднината, рече Заев.

Истакна дека ако сме за членство во ЕУ заради нас, а не да бидеме само членки на Унијата, мора да продолжиме по овој пат.

-Блокадите ќе продолжат и до година ќе продолжат и уште по една година, па ќе влезе Србија, па Србија ќе ни замери нешто, МПЦ ни е уште отворена. Ни треба час поскоро да ги решаваме работите. Секако, не по секоја цена. Затоа што ако сме обезличени, ако сме никој и ништо, ако немаме свој идентитет и јазик, чуму ни е членство, заради тоа што нашата борба е за сите овие европски вредности, меѓу кои и правото на самоопределување, нашата национална посебност, истакна Заев. 

Тагови
реклама

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

Нови цени на бензинот и на дизелот од полноќ

Read more

Македонија

Вработените во Фондот за здравство утре излегуваат на протест за повисоки плати

Read more

Европски фронт: Над 30 згради во Чаир се дивоградби, ќе ги легализираме за да ги спасиме инвеститорите и граѓаните

Read more

Османи за 55-годишнината на МНР зборуваше само за она што било направено во изминатите четири

Read more

Меџити: Ахмети побара спас кај Ромите, Турците, Бошњаците, сега чиста албанска опција за новата влада е само ВРЕДИ

Read more
 

Вести

Со лажни формулари откупувале стари акомулатори – кривична против три лица и една фирма

Читај повеќе

Вработените во Фондот за здравство утре излегуваат на протест за повисоки плати

Читај повеќе

Европски фронт: Над 30 згради во Чаир се дивоградби, ќе ги легализираме за да ги спасиме инвеститорите и граѓаните

Читај повеќе

Османи за 55-годишнината на МНР зборуваше само за она што било направено во изминатите четири

Читај повеќе

По осми пат ќе се одржи Today It's All About Jazz во Скопје

Читај повеќе

Повик за учество на млади поети на „Отскочна даска #3“ во рамките на 4. Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Читај повеќе

Меџити: Ахмети побара спас кај Ромите, Турците, Бошњаците, сега чиста албанска опција за новата влада е само ВРЕДИ

Читај повеќе

Нови цени на бензинот и на дизелот од полноќ

Читај повеќе