Загина колумбиската ѕвезда Фреди Ринкон

Во сообраќајна несреќа животот го загуби поранешниот напаѓач на Наполи и Реал Мадрид, како и некогашен предводник и ѕвезда на репрезентацијата на Колумбија.

Ринкон имал сообраќајќа во понеделникот по што бил хоспитализиран, а докторите иако се бореле за неговиот живот и му направиле операција на главата, тој ноќеска им подлегнал на повредите. Во судирот на неговиот автомобил со автобус на улиците на градот Кали, Ринкол се здобил со тешки повреди на главата кои се покажале фатални.

„И покрај целиот напор на нашиот лекарски тим, Фреди Ринкон почина“, на локални новинари им соопштил Лауреано Кинтеро, директор на клиниката Имбанако каде Ринкон бил хоспитализиран.

URL

Ринкон го паметат љубителите на фудбалот од 90-тите години на минатиот век кога прв пат светот го виде на Мундијалот 1990 во Италија кога на „Меаца“ ѝ даде гол на Западна Германија протнувајќи ја топката низ нозете на Бодо Илгнер и на Колумбија ѝ донесе реми (1:1) со репрезентацијата која потоа стана светски шампион. Тогаш настапуваше за клубот Америка де Кали, додека кариерата ја започна во Санта Фе.

Remote video URL

Добрите игри за Америка го однесоа во бразилскиот гигант Палмејрас. Зеадно со Фаустино Асприља беа пеколен тандем во колумбиската репрезентација што ја натера Парма да ги откупи двајцата. Но, поради ограничувањето на странците во Серија А трансферот на Ринкон пропадна, па заврши како позјамен во Наполи. Потоа играше и за Реал Мадрид, Коринчјанс, Сантрус, Кризејру, а кариерата ја заврши во 2004 во дресот на бразилски Коринчјанс.

Remote video URL

За репрезентацијата на Колумбија за 11 години настапи на 84 натпревари и постигна 17 гола, а беше дел од Мундијалите 1990, 1994 и 1998, како и на Копа Америка 1991, 1993 и 1995 (на последните две освои бронза). Заедно со легендата Карлос Валдерама, е рекордер во бројот на настапи на Мундијалите за Колумбија. Двајцата имаат по 10 одиграни натпревари.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе