Започна реновирањето на родната куќа на Хитлер

Синоќа почна да се работи на реновирање на куќата во Австрија во која е роден Адолф Хитлер во 1889 година. Куќата ќе биде претворена во полициска станица, за да ја направи зградата помалку атрактивна како место за оние кои го величаат нацистичкиот диктатор.

Одлуката за иднината на зградата во Браунау ам Ин, град на австриската граница со Германија, беше донесена на крајот на 2019. Синоќа работниците поставија ограда и почнаа со мерења за градежни работи. Се очекува полицијата да влезе во просторот на почетокот на 2026 година.

На проектот за санација му претходеше повеќегодишен спор околу сопственоста на куќата. Прашањето беше решено во 2017 година кога највисокиот австриски суд пресуди дека владата има право да ја експроприра зградата откако сопственикот одбил да ја продаде. Одбиен е предлогот за уривање на зградата, пишува Associated Press.

Куќата е дадена под закуп од австриското МВР од 1972 година за да се спречи злоупотреба, а се издава на различни добротворни организации. Просторот остана празен откако центарот за згрижување на возрасни со попреченост се исели во 2011 година.

„За демократија и слобода. Никогаш повеќе фашизам. Нѐ потсетуваат милиони мртви“, стои во пораката на спомен плочата што ќе остане на место надвор од куќата. Австриската влада тврди дека претворањето во полиција, како чувари на граѓанските слободи, е најдобриот начин за користење на објектот. Сепак, се огласија и критичарите на таквиот план.

Историчарот Флориан Котанко се пожали дека „постои целосен недостаток на историска контекстуализација“. Тој тврди дека намерата на МВР да го отстрани „факторот на препознатливост“ на куќата со нејзино преуредување е „невозможно да се постигне“.

„Демистификацијата треба да биде клучен дел“, додаде тој, залагајќи се за предлог да се смести изложба во зградата за луѓето кои ги спасиле Евреите под нацистичка власт.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Вести

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Read more

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Read more

Британците за својот Challenger 3 тврдат дека е најсмртоносниот тенк на сите времиња

Read more

Одложено лансирањето на Starliner на Boeing

Read more
 

Гик

Климатските промени ја забавуваат ротацијата на Земјата што доведува до совршен ден

Читај повеќе

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Читај повеќе

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Читај повеќе
  • play_arrow

Британците за својот Challenger 3 тврдат дека е најсмртоносниот тенк на сите времиња

Читај повеќе

Kои се најпродаваните телефони во првите три месеци од 2024 година?

Читај повеќе

Одложено лансирањето на Starliner на Boeing

Читај повеќе

Веќе кружат гласини: Apple ќе го претстави iPhone 17 Slim во 2025 година

Читај повеќе

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе