Зеленски разговараше со Маск, го покани во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски разговараше со Илон Маск.

На својот Facebook профил објави видео од разговорот во кој, меѓу другото, му се заблагодари на Маск и го покани во Украина.

Зеленски го сподели видеоповикот на социјалните мрежи веднаш откако Украина соопшти дека од SpaceX следната недела ќе добие повеќе сателитски интернет терминали Starlink за уништените градови.

Remote video URL

„Значи, ако имате време, по војната, добредојдени сте. Ве поканувам“, рече Зеленски.

„Звучи добро. Со нетрпение ја очекувам посетата“, одговори Маск.

URL

Да потсетиме, Илон Маск пред една недела објави дека неговата групација SpaceX го активирала интернет сервисот Starlink во Украина и дека неговата компанија испраќа опрема во таа земја.

„Услугата Starlink сега е оперативна. Други терминали се на пат“, објави во порака на Twitter сопственикот на Tesla и вселенската агенција SpaceX. Десет часа претходно, украинскиот вицепремиер Михаил Федоров го повика милијардерот на социјалните мрежи да испрати станици Starlink во Украина.

„Додека вие се обидувате да го колонизирате Марс, Русија се обидува да ја окупира Украина! Додека вашите ракети успешно слетуваат од вселената, руски ракети ги напаѓаат украинските цивили! Ве повикуваме да испратите станици Starlink во Украина“, побара украинскиот функционер на дигиталниот сектор.

Тој, исто така, го повика Илон Маск да ги охрабри „Русите со здрав ум“ да се спротивстават на својата влада. SpaceX последен пат лансираше втора пратка од околу педесет Starlink сателити за да обезбеди интернет конекција за корисниците ширум светот.

реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Пет деца во тешка состојба откако мајка им ги избањала со средство за чистење на паразити

Read more

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Read more

Свет

Франција: Напаѓачи убија двајца полицајци и побегнаа со затвореник

Read more

САД ѝ наметнаа тешки царини на Кина

Read more

Kонтроверзниот закон за странски агенти помина во грузискиот парламент

Read more

Зошто Германија станува сè порадикализирана?

Read more
 

Вести

Франција: Напаѓачи убија двајца полицајци и побегнаа со затвореник

Читај повеќе

САД ѝ наметнаа тешки царини на Кина

Читај повеќе

МВР со детали за двојното убиство во Стајковци

Читај повеќе

На Токсикологија разрешен Петровски, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Читај повеќе

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа

Читај повеќе

Лога: Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го вратат уставното име

Читај повеќе

Kонтроверзниот закон за странски агенти помина во грузискиот парламент

Читај повеќе

Нови сведоци во случајот за убиството на Данка Илиќ

Читај повеќе

Издадени наредби за утврдување на причините за смртта на бебето од Вевчани

Читај повеќе