Зголемен бројот на приеми во болниците, нема неангажирани лекари

Бројот на дијагностицирани на COVID-19 од почетокот на епидемијата во земјава надмина 47 илјади (47 050) со најновите 990 потврдени во вчерашната статистика за поминати 24 часа. Починати досега се 1305 луѓе. Во последниот извештај Министетството за здравство соопшти дека битката со опасниот вирус во претходното деноноќие ја загубиле 24 пациенти на возраст од 41 до 86 години. Регистрирани се и 382 оздравени, со кои досега излекувани се вкупно 27.364.

Активни се 18 381 случаи – од нив 8506 во Скопје, а меѓу скопските општини четирицифрени активни има во пет: Аеродром -1287,  Гази Баба – 1196, Карпош – 1102, Центар – 1069 и Кисела Вода – 1047.  Во градовите низ земјава над илјада заразени има Тетово (1060), а помеѓу 500 и 1000 бележат Прилеп (901), Куманово (844), Велес (777), Битола (697), Струмица (649), Гостивар (564), Охрид (536), Штип (513).

Министерството за здравство вчера соопшти дека 1111 пациенти заразени со COVID-19 се лекуваат во болниците низ земјава, од кои 410 во Скопје и 701 во КОВИД-центрите во други градови. Голем дел од нив се на кислородна поддршка. Поради напливот на пациенти се мобилизира медицински кадар од сите дејности, специјалисти од други области, пред сè интернисти, им помагаат на инфектолозите во лекување и третман на пациентите на КОВИД-одделите.

Министерот Венко Филипче вчера рече дека со недостиг од медицински кадар се соочуваат болниците во целата земја и во овој момент нема невработен или неангажиран лекар.

– Се испразнија интерните одделенија на клиниките во Скопје и сега интернистите заедно со пулмолозите и антестезиолозите работат и ги лекуваат овие пациенти. Нема невработен или неангажиран лекар во нашата држава. Сите млади лиценцирани лекари уште пред неколку месеци се вклучија преку платениот стаж, тоа беше политика на здружување на младите лекари во земјата која ја пропагиравме. Тие се практично веќе  вклучени и помагаат секој во одредена област. Студентите од шеста година, исто така, во делот на епидемиологијата, сите здравствени работници се максимално ангажирани и помагаат според распоредот, според системот на тимови кој го направивме секаде каде што се лекуваат пациентите од КОВИД, изјави Филипче.

Наведе дека во овој момент сè уште нема потреба да се намали интензитетот на работа и закажување преку системот МојТермин, но здравствените власти се подготвени и сериозно да се редуцира другата работа на лекарите и за тоа, рече, има план во болницата „8 Септември“ и во другите клиники, со цел уште поголем број лекари да им помогнат на своите колеги во третманот на КОВИД-пациентите.

По состанокот што го имал со приватните лекари, рече, десетина се пријавиле да помагаат во справувањето со COVID-19, така што сè уште нема потреба да се ангажираат пензионирани лекари, како што веќе прават некои земји кои се соочуваат со недостиг на кадар.

Министерството за здрaвство вчера соопшти дека на Клиниката за инфективни болести се лекуваат вкупно 160 пациенти, во КОВИД-центарот во ГОБ „8 Септември“ има 79 болни, а во изминатото деноноќие таму се примени  нови 11 пациенти. Во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 38 пациенти, од кои 11 деца и 27 возрасни. На интерните клиники во изминатото деноноќие имало 24 приеми –  четворица пациенти биле хоспитализирани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ каде вкупно има 55 пациенти, тројца пациенти се примени во КОВИД-центарот на Клиниката за неврологија и 17 болни на новото одделение на Клиниката за гастроентерохепатологија. Во КОВИД-центарот на Клиниката за кожни болести се лекуваат 24 пациенти, а на Неврологија 37.

И покрај  големиот број приеми во текот на претходниот ден, слободни места има доволно во КОВИД–центрите на интерните клиники, посочи Министерството за здравство, а се очекуваат и дополнителни места по исписите на оздравени пациенти на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ „8 Септември“. Се очекува да почне со работа и КОВИД-центарот на Клиниката за нефрологија во комплексот интерни клиники.

Во однос на пополнетоста на КОВИД-центрите во болниците низ земјава, Министерството за здравство вчера соопшти дека се лекуваат 565 пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот. Во регионалните центри во Битола и Штип се хоспитализирани дополнителни 145 болни, со што вкупно 701 пациент болнички се лекуваат на инфективните одделенија.

-Во болниците во внатрешноста има околу 90 слободни болнички кревети, а се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла, информираше Министерството, додавајќи дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

Со реакција вчера се огласи Здружението по општа и семејна медицина поради тоа што во некои медиуми одговорност и вина се бара од матичните лекари за зголемениот број компликации и хоспитализации кај пациенти во овој период. Здружението  во дописот соопшти дека од почетокот на пандемијата се конструктивни во предлагање решенија за проблемите со вирусот, се обраќале до Комисијата за заразни болести, во која нема претстатвник матичен лекар, како и до министерот за здравство, но дека одговори не добиле.

– Ставени сме во позиција одговорно да ги спроведуваме одлуките и протоколите донесени од Комисијата, која нема увид во обемот и тежината на работата на матичните доктори, чија  улога е да бидат први и последни во грижата за здравјето на своите пациенти, наведе Здружението по општа и семејна медицина. 

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Read more

Денес дожд и грмежи, можно е краткотрајно невреме со силен ветер и град

Read more

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more
 

Вести

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Читај повеќе

Денес дожд и грмежи, можно е краткотрајно невреме со силен ветер и град

Читај повеќе

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе