Жед – Мапа на чешми со питка вода низ скопските маала: Изложба за состојбата со фонтаните и чешмите во Скопје

Здружението за едукативен развој Еквалис и Партизанска штампа ја организираат изложбата „Жед“ на 10 март (недела), напладне во 12:00 часот, во Мобилна-Монтажна Галерија во Парк на франкофонија – Скопје.

Изложбата е колаборативен креативен процес и претставува уникатно визуелно патешествие низ скопските маала, преку мапата на фонтани и чешми со питка вода на која работеа над 20 креативни умови. Преку оваа изложба присутните ќе може да се запознаат подобро со состојбата на фонтаните и чешмите и нивната функција во јавниот простор на Скопје, како и нивната функција во служба на граѓаните.

„Изложбата го претставува проблемот со функционалноста на јавниот простор, како и идејата за тоа кому припаѓа и кому (треба да) служи тој јавен простор. Користејќи ја традиционалната и уникатна техника на рачно печатење, ситопечат, 20-ина млади граѓан(к)и ја претставуваат сопствената перспектива за јавниот простор, предизвиците и визијата која ја имаат за истиот.

Во процесот на мапирање на терен, учесниците детектираа над 200 функционални и нефункционални чешми низ различни делови од Скопје.Во текот на креативниот процес беа издвоени неколку конкретни функционални чешми кои потоа беа претставени визуелно преку техниката ситопечат“, информира организаторот.

Оваа изложба е дел од програмата „Креирање мапа на чешми со питка вода преку техника на ситопечат“, а е дел од проектот „Промоција на младински активизам и граѓанско учество“, спроведуван од Здружението за едукативен развој – Еквалис, а финансиски поддржан од Националниот фонд за демократија.

Тагови
реклама

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Read more

Култура

Книжевна средба со авторките Калиа Димитрова и Ивана Јовановска во „Илика“

Read more

Oтворен конкурсот за ЕУ наградите за истражувачко новинарство

Read more

Заспаната убавица од Чајковски на 15 мај на Мајските оперски вечери

Read more

Од понеделник XXIV Недела на италијанскиот филм

Read more
 

Вести

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Читај повеќе

ЕУ ги заострува правилата за мигрантите

Читај повеќе

Франција: Напаѓачи убија двајца полицајци и побегнаа со затвореник

Читај повеќе

САД ѝ наметнаа тешки царини на Кина

Читај повеќе

МВР со детали за двојното убиство во Стајковци

Читај повеќе

На Токсикологија разрешен Петровски, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Читај повеќе

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа

Читај повеќе

Лога: Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го вратат уставното име

Читај повеќе

Kонтроверзниот закон за странски агенти помина во грузискиот парламент

Читај повеќе