СЕРИЈА А 2021/22

Жиру: Бев во право кога го одбив Јуве за Челси

Напаѓачот на Милан е изненаден што Јувентус не е во игра за Скудетото и поради тоа вели дека донел правилна одлука кога го одбил клубот од Торино и заминал во Лондон.

Репрезентативецот на Франција летоска му се приклучи на Милан од редовите на Челси, но една година порано лесно можел да заврши во Јувентус.

Тогашниот предводник на „Старата дама“, Андреа Пирло, сакал да го донесе летото 2020 година, но Оливје Жиру одбил за да остане во Челси.

„Одлучив да останам бидејќи имав карти в рака и сакав да ги одиграм. Со оглед на тоа како заврши сезоната, ја донесов правилната одлука“, рече Жиру говорејќи за Il Corriere dello Sport.

„Сините“ таа сезона ја освоија Лигата на шампионите, па тек потоа Жиру замина во Милан.

„Росонерите“ в недела вечер ќе се сретнат токму со Јуве, а Жиру е изненаден од фактот што Јувентус не е во игра за врвот на табелата.

„Немаа добар почеток на сезоната, што не значи дека не се силни. Признавам, сметав дека ќе се борат за титулата. Без разлика на заминувањето на Роналдо, имаат талентиран тим. Нивниот офанзивен плејмејкер Пауло Дибала е клучен играч и шампион“.

„Јувентус сѐ уште е меѓу најдобрите клубови во Италија, се наоѓаат во добар моментум и мора да им се спротивставиме на најдобар начин. Искусни се и ќе биде грешка доколку ги потцениме“, предупредува Французинот.

Во ова дерби Милан влегува после изненадувачкиот пораз од Специја во кој судијата Марко Сера направи огромна грешка кога го пресече голот за 2:1 на Милан, досудувајќи фаул наместо да почитува предност.

„Му се гледаше во лицето дека беше вознемирен. Се извини, но за жал вакви работи се случуваат. Моравме да победиме, а загубивме. Фрустрирачки е, но и ние носиме вина. Можевме да постигнеме втор гол, а сега треба фрустрацијата да ја претвориме во мотивација за да одиграме одлично против Јуве“.

реклама

Фудбал

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Read more

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Read more

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more
 

Спорт

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе