Група од 165 жители на белгиското село Олмен освои 143 милиони евра на лотаријата EuroMillions.
Жители на селото Олмен во провинцијата Антверпен вложиле пари во купување билети, а тоа навистина им се исплати бидејќи секој од нив освои по 868.000 евра.
Портпаролката на Националната лотарија Јоке Вермоер изјави дека групните добивки не се невообичаени во Белгија, но сепак ова е најголемата групна добивка во историјата.
Идентитетот на победниците не е откриен, а добитната комбинација ја сочинуваат броевите 12, 20, 25, 26 и 27.
Инаку, најголемиот џекпот на лотаријата EuroMillions му се падна на анонимен Британец во јули годинава и изнесува 195 милиони фунти.
Лотаријата EuroMillions е достапна во 9 европски земји - Белгија, Франција, Велика Британија, Шпанија, Португалија, Ирска, Австрија, Швајцарија и Луксембург.