Зошто да не ги убивате и бркате пајаците во вашиот дом?

Пајаците се природен дел од екосистемот на нашите домови, поради што тие се многу корисни членконоги (артроподи) кои не треба да ги убиваме.

Мислиме дека нашите домови се безбедно изолирани од надворешниот свет и приородата, но кај нас живеат многу видови пајаци. Некои се случајно заробени, додека други се краткорочни посетители. Одредени видови, пак, уживаат во затворените простори и среќно живеат и се размножуваат во нив. Овие пајаци се обично таинствени, а скоро сите на кои ќе наидеме не се ниту агресивни ниту опасни. Покрај тоа, тие ни обезбедуваат услуги како што се уништување штетници - додека некои дури јадат и други членови од нивниот вид.

Во нашите домови најчесто се среќаваат два вида пајаци - од фамилијата Pholcidae и Theridiidae, кои плетат мрежа и чекаат пленот да се фати во неа. Подрумските пајаци понекогаш ги напуштаат своите мрежи за да ловат други членови од нивниот вид преправајќи се дека се плен. Иако тие се предатори по природа - подготвени да јадат сè што можат да фатат - тие редовно ловат досадни штетници, па дури и инсекти кои носат болести - на пример, комарци. Така, убивајќи ги пајаците всушност остануваме без важен и корисен заштитник.

Природно е да се плашиме од нив. Тие имаат многу нозе и речиси сите видови се отровни - иако повеќето видови имаат отров премногу слаб за да предизвикаат проблеми кај луѓето, под услов нивните клешти дури и да ја пробијат нашата кожа. Но, треба да знаете дека пајаците не сакаат да нè фатат, и дека претпочитаат да нè избегнуваат - ние сме многу поопасни за нив отколку обратно. Каснувањата од пајаци се исклучително ретки. Иако постојат неколку медицински важни видови како црната вдовица и осаменикот, дури и нивните каснувања се невообичаени и ретко предизвикуваат сериозни проблеми.

Ако навистина не можете да поднесете пајак во вашата куќа, стан, гаража или на друго место, наместо да го убиете, обидете се да го фатите и да го ослободите надвор. Ќе најде друго место и двете страни ќе бидат задоволни од исходот. Но, ако можете да ги толерирате, сосема е во ред да останат во домот. Всушност, тоа е нормално. Исто така, дури и да не ги гледате, знајте дека тие се таму, во вашиот дом. Пајаците веројатно не се свесни дека тие се гостите во вашиот простор, меѓутоа не им е ни важно бидејќи секако не им сметате и не ве гледаат како закана. Затоа и не се агресивни кон луѓето, напротив, човекот е тој што има голема корист од нив.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе