Зошто поправките на Tesla автомобилите се кошмар за сопствениците?

Tesla, а и другите нови брендови за електрични возила, имаат голем број фактори кои ги зголемуваат цените кога станува збор за поправка на штетите.

Електричните автомобили обично се поевтини за возење од еквивалентно возило со мотор со внатрешно согорување во однос на потрошувачката на гориво и одржувањето. Меѓутоа, кога ќе дојде до оштетување од судир, електричните автомобили може да чинат експоненцијално повеќе кога ќе дојде до поправка.

Иако оваа приказна се фокусира на Tesla, треба да се забележи дека другите брендови како Lucid и Rivian се чини дека имаат слични проблеми.

Tesla, а и другите нови брендови за електрични возила, имаат голем број фактори кои ги зголемуваат цените кога станува збор за поправка на штетите. Станува збор за луксузни возила кои сами по себе имаат скапи трошоци за поправка, а освен тоа ретки се и опциите на пазарот за половни возила.

Покрај тоа, тие имаат бројни сензори во областите склони на оштетување, како што е браникот. На пример, јутјуберот Рајан Шо, кој се занимава со автомобили на Tesla, вели дека оштетувањето на браникот резултирало со сметка од 8.701,33 долари (8.082 евра).

Во втората несреќа, каде што задниот дел беше оштетен, трошоците за поправка на електричното возило беа 23.614 долари (21.935 евра).

Ништо од тоа не решава уште еден голем проблем со некои Tesla автомобили, имено нивните интегрирани батерии. Ако некоја од нив се оштети, нема начин да се поправи.

Треба да се напомене дека и извршниот директор Илон Маск и Tesla ја разбираат потребата да се намалат цените за поправка. Самиот Маск рече дека трошоците се „неразумно високи“ и се пожали на ситуацијата во која понекогаш може да се најдат сопствениците на Tesla.

„Значи, ако чекате да се поправи делот, осудени сте да изнајмите друг автомобил на еден месец. Тоа е исклучително скапо“, рече Маск во јануари.

Сè додека не се најде долгорочно решение, сопствениците на електрични возила од високата класа, а особено сопствениците на Tesla, се на милост и немилост на осигурителните компании и компаниите за поправка по несреќи.

реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Read more

Пет деца во тешка состојба откако мајка им ги избањала со средство за чистење на паразити

Read more

Авто новости

Tesla ги чува непродадените возила на паркинг во трговски центар

Read more

5 евтини додатоци кои секој треба да ги има во автомобилот

Read more

Škoda Octavia: Освежување на бестселерот

Read more

Како да заштедите гориво со EPS уред?

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow

Tesla ги чува непродадените возила на паркинг во трговски центар

Читај повеќе
  • filter

5 евтини додатоци кои секој треба да ги има во автомобилот

Читај повеќе
  • filter

Škoda Octavia: Освежување на бестселерот

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да заштедите гориво со EPS уред?

Читај повеќе
  • play_arrow

Xiaomi SU7 се расипа по само 39 извозени километри

Читај повеќе

ЕУ има нов план за камионите: Ова е најамбициозниот проект во светот

Читај повеќе
  • filter

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Читај повеќе

Seat сепак нема да згасне: Кој е новиот план?

Читај повеќе

Volkswagen драстично ја менува стратегијата

Читај повеќе