28 години од атентатот на Киро Глигоров

Поминаа 28 години од атентатот на поранешниот македонски претседател Киро Глигоров.

Глигоров го преживеа атентатот со тешки повреди во пределот на главата. На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Исто така, на повредите подоцна им подлегна и Ристо Хаџиманов, пензионер и случаен минувач покрај местото на настанот.

Нападот се случи со автомобил-бомба точно во 9:50 часот на улицата „Македонија“ пред хотелот „Бристол“ во Скопје, кога Глигоров поминуваше со службеното возило кон работното место во Собранието. Бомбата, поставена во автомобил Citroën Ami 8, експлодира кога автомобилот на претседателот минуваше покрај неа.

Понатаму, од сознанија на истрагата се утврди дека автомобилот бил намерно избран за поставување на бомба, затоа што има тенок лим кој може од експлозијата да се распадне во повеќе смртоносни шрапнели.

Ниту нарачателите ниту извршителите на атентатот врз Глигоров сѐ уште не се познати.

Во истрагата беа претресени 30.850 возила и прегледани повеќе од 15.000 објекти, легитимирани беа повеќе од 188.000 лица, од кои 19.000 беа претресени. МВР изврши и околу 30 информативни разговори со луѓе за кои сметаше дека се можни сторители на атентатот, но сите тие беа пуштени по испрашувањата.

За обидот за атентатот врз него, Глигоров напиша и автобиографска книга „Атентат – ден потоа“, која ја промовираше во 2002 година. Претседателската функција Глигоров ја извршуваше во два мандата од 1991 до 1999 година.

Атентатот над претседателот се случи во мандатот на Љубомир Фрчкоски како министер за внатрешни работи. Неколку месеци од атентатот во 1995, како за можните атентатори разузнавачката служба ја посочи „Ослободителната војска на Македонија“ со седиште во Австралија. Атентатот се случи воочи усвојувањето на новото знаме, она што е денес официјално државно знаме, и кое го замени старото со 16-кракото сонце.

Глигоров беше политичар кој беше влијателен и почитуван на македонската политичка сцена пред и по независноста.

Роден во Штип во 1917 година, Глигоров дипломирал право на Белградскиот Правен факултет. Во текот на Втората светска војна, претседателот Глигоров учествувал во борбата против фашистичките сили и бил секретар на иницијативниот комитет за формирање на АСНОМ. Бил на повеќе важни политички и економски функции во Југославија и во Сојузот на комунистите на Југославија.

Глигоров почина на 1 јануари 2012 година во 95-тата година од животот.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе