6 работи кои стоматологот ги знае за вас штом отворите уста

Со оглед на тоа што устата е прозорец кон целиот организам, стоматолозите имаат увид во нашата целокупна здравствена состојба.

И додека кариесот, каменецот и забните наслаги ви се главна преокупација кога одите на редовна контрола на заболекар, тој забележува и работи кои немаат врска со забите.

Овие 6 работи стоматолозите ги дознаваат за вас веднаш штом ќе погледнат во вашата уста:

Бременост

Зголемувањето на прогестеронот за време на бременоста го олеснува растот на бактериите кои предизвикуваат гингивитис, а истражувањата покажуваат дека речиси 40% од жените развиваат гингивитис во бременоста. Некои трудници може да осетат и црвена грутка на непцата, наречена труднички тумор или пиогена гранула.

Грицкање нокти

Дури и без да гледате директно во вашите прсти, стоматологот може да каже дали сте роб на оваа грда навика. Знаци кои укажуваат на грицкање нокти се мали оштетувања и пукнатини на забите, но и трошење на забите кои се изложени на постојан притисок, велат стоматолозите. Во некои случаи, забите може да станат нерамни.

Како дете сте го цицале палецот

Ако сте ги цицале палците или прстите по седумгодишна возраст, можеби сте развиле значителни промени во загризот и положбата на забите. Стоматолозите можат да видат знаци како што се испакнати предни заби, што може да влијае на растот и развојот на вилицата на детето, како и на говорните обрасци. За среќа, тоа може да се коригира со ортодонтски третмани, пред сѐ со носење апаратче за заби.

Имате хронична болест

Лошиот здив не мора да биде само знак на лкоша хигиена, туку и на хроинични болести. Стоматолозите можат да разликуваат разни виудови на здив, па така „овошните“ мириси може да укажувата на дијабетес кој не е под контрола или на одреден тип на исхрана која не му одговара на организмот, додека „рибниот“ мирис може да укажува на проблеми со бубрезите или црн дроб.

Патите од пореметување во исхраната

Многу стоматолози тврдат дека при само еден поглед во вашата усна шуплина можат да видат дали патите од пореметување во исхраната. Имено, некои состојби како булимија оставаат видливи траги на забите кои ниеден стоматолог не може да не ги примети. Видлива е ерозијата од внатрешната страна на забите која доведува до создавање на кариес. Исто така, ако ерозијата се појавува на забите кои се длабоко во вилицата, тоа може да биде показател за рефлукс, но и за користење на антидепресиви кои ја намалуваат количината на плунка во устата.

Претерувате со засладени или газирани пијалаци

Можеби сте скршиле заб поради сосема други причини, но постои индикација која укажува на тоа зошто вашите заби се слаби и подложни на кршење. Газираните  пијалаци и другите засладени напитоци со текот на времето можат да ги омекнат забите, тврдат стоматолозите. Слично на тоа, енергетските пијалаци, кои се нешто покисели од безалкохолните, можат да ѝ нанесат голема штета на вашата забна глеѓ.

реклама

Неодлучни се: Хороскопски знаци што не си веруваат ни себеси

Read more

Дали треба да пиете вода што стоела преку ноќ?

Read more

Зошто никогаш не треба да ги миете мрсните тави со топла вода?

Read more

За возачи кои по трет пат ќе се најдат на суд, за прекумерна брзина или возење под дејство на алкохол, ќе им биде одземена возачката дозвола

Read more

Живот

Неодлучни се: Хороскопски знаци што не си веруваат ни себеси

Read more

Можат да предизвикаат алергиски реакции: Како да се ослободите од прашинските грини во спалната соба?

Read more

Дали треба да пиете вода што стоела преку ноќ?

Read more

Кои земји во Европа ги посетуваат најмалку туристи: Топ 10 листа

Read more
 

Магазин

Колку често треба да практикувате празнење: Редовното празнење на дебелото црево е важно за здравјето

Читај повеќе

Неодлучни се: Хороскопски знаци што не си веруваат ни себеси

Читај повеќе

Ново истражување: Секојдневното користење омега-3 може да го забави стареењето

Читај повеќе

Начини како да ја зголемите енергијата пред тренинг

Читај повеќе

Можат да предизвикаат алергиски реакции: Како да се ослободите од прашинските грини во спалната соба?

Читај повеќе

Дали треба да пиете вода што стоела преку ноќ?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата реклама на Марадона

Читај повеќе
  • play_arrow

Бинго торта од 3 вида бисквити со сок од портокал

Читај повеќе

Кои земји во Европа ги посетуваат најмалку туристи: Топ 10 листа

Читај повеќе