Абрамович не губи време – веќе купува нов клуб

Роман Абрамович мора да го продаде Челси откако му беа воведени санкции во Велика Британија, а сето тоа поради неговите „блиски врски“ со рускиот претседател Владимир Путин.

Не помогна ниту тоа што Абрамович учествуваше во мировните преговори, ниту тоа што Володимир Зеленски застана на негова страна, но сега е јасно дека Челси ќе ја промени сопственичката структура во наредните денови. Што се однесува до Абрамович, тоа нема да биде неговото последно „патување“ во фудбалските води, бидејќи веќе размислува да купи нов клуб.

Прво се пишуваше дека Абрамович ќе стане мнозински сопственик на ЦСКА од Москва, клуб кој пред неколку години се обиде да го купи син му, а сега од Турција пристигнуваат нови информации.

Локалниот весник Fanatik објави информација дека преговорите меѓу Абрамович и сопственикот на Гезтепе веќе се започнати, а во прилог на тоа го наведуваат и фактот што јахтата на рускиот олигарх пред три дена запловила во Турција. Иако му беше забранет влез во неколку земји, Турција се чини не беше случаен избор.

Гезтепе е интересен проект и наводно Абрамович веќе разговарал за тој клуб со сопственикот Мехмет Сепил. Моментално се во грчевита борба за опстанок, но Русинот би можел да промени сè.

Прволигаши се пет години и интересно е што во нивните редови настапува Франко ди Санто, поранешен играч на Челси.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе