Ахиловата пета на Titan ја крие тајната за имплозијата

Истражувачите што ја анализираат имплозијата на подморницата Titan планираат повторно да ги состават пронајдените делови од бродот со цел да ги утврдат причините што довеле до имплозијата.

Роботски уред лансиран од канадски брод ги откри остатоците од Titan на помалку од 500 метри од лакот на остатоците од „Титаник“. Тоа е предниот дел на подморницата и големата плоча што го сочинуваат нејзиниот заден дел. Се смета дека титаниумските компоненти на бродот подобро ја издржале катастрофата, додека деловите од карбонски влакна што го сочинувале неговиот труп биле искршени на парчиња.

Експертот за нуркање Том Медок го поздрави откривањето на делови од подморницата и рече дека тоа ќе помогне да се открие причината за имплозијата.

„За ова нема правилник, нема прирачник, ова е нешто ново. Веројатно ќе се пишува книга за оваа трагедија“, рече тој.

Ахилова пета

Експертите кои предупредија за безбедноста на „Titan“ изјавија дека средишниот дел, кој е направен од карбонски влакна, е Ахиловата пета на подморницата, бидејќи тој материјал не е погоден за нуркање во длабочините до кои стигнала подморницата.

Режисерот на филмот „Titanic“ и експерт за подморници, Џејмс Камерон, рече дека тој дел најверојатно бил скршен на мали парчиња во инцидентот.

„Можам да се кладам дека Ахиловата пета на подморницата е нејзиниот средишен дел. Имаше две титаниумски капачиња на секој крај, но тој композитен цилиндар од карбонски влакна сега е на парчиња. Прилично е јасно дека тоа е она што не успеа“, рече тој.

Медок рече дека нешто позитивно мора да излезе од оваа страшна несреќа, а тоа е да се најде причината што довела до катастрофата, бидејќи на тој начин таква трагедија нема да се повтори.

Во последниве години, многу експерти сметаа дека подморницата Титан е небезбедна за навигација. Дури и директорот на компанијата OceanGate, Стоктон Раш, еден од членовите на екипажот кој загина, рече дека со користење на карбонски влакна го прекршил правилото.

„Карбонски влакна и титаниум, постои правило дека не се прави тоа. Добро, јас го направив“, рече Раш во видеото објавено во 2021 година.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе