СЕРИЈА А 2021/22

Алегри: Интер е фаворит за Скудетото, ние ќе атакуваме в година

Предводникот на Јувентус признава дека синоќешниот пораз значи крај на шансите на неговиот тим да се бори за титулата во Серија А, и воедно смета дека фаворит за Скудетото е токму Интер.

Јувентус синоќа загуби со 0:1 дома од Интер со гол од пенал кој беше прво одбранет, но потоа повторен. Говорејќи за DAZN, Масимилијано Алегри прво беше прашан за контроверзностите.

„Ајде да не зборуваме за работи кои во моментот не можат да ни помогнат. Сакам да зборувам за играта. Беше добар натпревар за мојот тим, игравме добро, имавме доста удари кон голот. Штета е што загубивме“.

Алегри синоќа не беше задоволен од резултатот, а камерите тоа и го уловија.

URL

Поразот значи крај на скриените амбиции за титулата, па затоа себа борбата ќе ја насочи кон друга цел - пласман во Лигата на шампионите.

„Конечно луѓето можат да кажат дека Јувентус е дефинитивно исфрлен од борбата за Скудетото. Она што ни треба е да освоиме доволно бодови за да го обезбедиме 4. место, а потоа да се подготвиме за наредната сезона“, вели Алегри.

Скудетото ќе остане за в година

„Веќе година дена работиме подготвувајќи се за наредната сезона, а тогаш ќе се обидеме да го освоиме Скудетото. Годинава почнавме лошо и ни беа потребни доста натпревари за да се опоравиме. Воедно, нѐ совладаа и индивидуални грешки во важни натпревари“.

„Треба да ја гледаме чашата како полуполна. Стануваме тим, сѐ уште имаме шанса за напредок и мора да работиме на иднината, зацврстување на тимот во сите аспекти“.

Неминовно беше и прашањето за тоа кој според него на крајот од сезоната ќе му се радува на Скудетото. Моменталната табела вели дека Милан има 66 бода (игра вечерва со Болоња), Наполи 66, па Интер со 63 (има одложен натпревар, исто со Болоња).

„Треба само да го погледнете распоредот за да сфатите дека Интер е фаворит. Остварија важна победа тука, имаат натпревар помалку, ова им беше бустер за самодовербата и после ова дерби тие се главни фаворити“, заклучува Алегри.

реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Недостатокот на еден минерал може да предизвика сериозни компликации

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Read more

Фудбал

Голот на Адеми му ја донесе шампионската титула на Динамо

Read more

Официјално: Мбапе заминува од ПСЖ

Read more

Барела ќе стане најплатен италијански играч во Серија А

Read more

Не е крај додека Баер не даде гол: Леверкузен сезонава 11 пати се спасуваше во надополнувањето

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешниот голман на Челси тешко нокаутиран во KSW

Читај повеќе
  • play_arrow

Голот на Адеми му ја донесе шампионската титула на Динамо

Читај повеќе
  • play_arrow

Ѓоковиќ погоден со шише по глава, полицијата трага по мистериозниот навивач

Читај повеќе
  • play_arrow

Денвер победи кај Минесота, Индијана славеше над Њујорк

Читај повеќе
  • play_arrow

Официјално: Мбапе заминува од ПСЖ

Читај повеќе

Барела ќе стане најплатен италијански играч во Серија А

Читај повеќе

Не е крај додека Баер не даде гол: Леверкузен сезонава 11 пати се спасуваше во надополнувањето

Читај повеќе

Проблем за клупскиот мундијал на ФИФА – фудбалерите се заканија со тужба

Читај повеќе

Феникс Санс го отпушти Френк Вогел

Читај повеќе